1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Од страна на Хамас киднапираната Шани Лук е мртва

ЕМФ | агенции
30 октомври 2023

Германката Шани Лук, која беше киднапирана од терористите на Хамас, е мртва, соопшти семејството на девојката, а потврди и израелското Министерство за надворешни работи.

Израел | Шани Лук
Фотографија на Шани Лук на плакати со кои се бараше 22-годишната девојкаФотографија: Thomas Coex/AFP/Getty Images

Германката со израелско потекло Шани Лук, која се водеше како исчезната по нападот на терористите на Хамас врз Израел, е мртва.

„Со голема тага објавуваме дека мојата сестра е мртва“, напиша изутринава (30.10) на Инстаграм нејзината сестра Ади. Претходно, мајката Рикарда за телевизијата НТВ изјави дека израелската армија ја информирала за смртта на нејзината ќерка.

Во меѓувреме и израелското Министерство за надворешни работи на платформата Х напиша дека е пронајдено и идентификувано телото на 22-годишната Шани Лук. Девојката присуствувала на музички фестивал на југот на Израел, кој на 7 октомври беше нападнат од страна на терористичкиот Хамас. Терористите притоа убија 260 лица, а зедоа и голем број заложници кои ги префрлија во Појасот Газа. Израел има потврдено дека се киднапирани 239 лица. Меѓу нив 12 се германски државјани.

Судбината на младите Израелци, исчезнати по нападот на Хамас

02:18

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми