5 септември 2023
Реклама
Соња Војводиќ е единствената Црногорка која практикува танцување со оган. „Огнот е моќен елемент кој постојано ме учи дека ова што го правам е поголемо од мене и дека може да ми наштети во секој момент, но исто така ме учи и на присустност“, вели Соња.
Таа денес редовно настапува на фестивали, прослави, забави... Сепак, не е сè толку лесно како што изгледа:
„Во Црна Гора нема ниедна школа, нема учител кој би можел да ме научи. И најголемиот предизвик за мене е што сѐ учам преку интернет, купувам курсеви, истражувам сама и понекогаш учењето на некое движење трае со месеци“.