1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Огромен пад на профитот на Фолксваген

ЖА
30 октомври 2024

Кризата во Фолксваген сега е евидентна и во деловните бројки: во третиот квартал добивката паднала за речиси 64 проценти. Фолксваген продава помалку возила, а мерките за штедење исто така чинат пари.

USA Chattanooga | Montage von Passat-Limousinen im Volkswagen-Werk 2013
Фотографија: Erik Schelzig/AP Photo/picture alliance

Концернот Фолксваген претрпе остар пад на добивката во третиот квартал од годинава. Помалата продажба на возила, како и планираните намалувања на капацитетите и работните места во групацијата резултираа со оптоварувања во милијарди. Вредностите се послаби отколку што веќе стравуваа аналитичарите. Добивката на концернот по оданочување падна за 64 отсто на 1,58 милијарди евра - делумно затоа што работите одат лошо и на важниот кинески пазар за Фолксваген. Продажбата, пак, паднала само за половина процент на 78,5 милијарди евра.

Раководството околу извршниот директор Оливер Блуме ја задржа годишната прогноза, која повторно беше коригирана надолу во септември. Блуме презема драстични мерки и сака да заштеди милијарди за да ја врати на вистинскиот пат нископрофитната основна марка, патничкиот автомобил Фолксваген.

Фолксваген се наоѓа во сериозна криза. Производителот на автомобили најави дека за прв пат во историјата ќе затвори погони во Германија. Според Работничкиот совет, ова вклучува најмалку три  погони и големи кратења на работни места.

Десетици илјади вработени  би можеле да бидат отпуштени. Во игра е и значително намалување на платите. Работниците најавија жесток отпор и бараат  посеопфатни решенија  наместо да се ставаат во фокус само трошоците за работна сила и фабричките трошоци.

Денеска компанијата и синдикатот ИГ Метал се состануваат за следната рунда тарифни разговори за компанијата Фолксваген.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми