1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаДанска

Мнозинство Гренланѓани се против приклучување кон САД

СН/агенции
29 јануари 2025

Доналд Трамп го сака Гренланд за САД - и покрај противењето на гренландските и данските политичари. Меѓутоа, најнова анкета покажува дека тој го нема гренландското население на своја страна.

Гренланд е седиште на дански и американски воени бази
Гренланд е седиште на дански и американски воени базиФотографија: Thomas Traasdahl/Ritzau Scanpix/IMAGO

Жителите на Гренланд сакаат да припаѓаат на САД, неодамна тврдеше американскиот претседател Доналд Трамп - но актуелното истражување на јавното мислење прикажува сосема поинаква слика: огромното мнозинство од населението на Гренланд  го отфрла приклучувањето на Гренланд кон САД.

85 отсто од анкетираните Гренланѓани изјавиле дека се против напуштање на Кралството Данска и приклучување кон САД. Шест отсто од Гренланѓаните го поддржуваат потегот, а девет отсто се неодлучни по ова прашање, според истражувањето спроведено меѓу 22 и 26 јануари годинава по налог на данскиот дневен весник Берлингске и гренландскиот весник Сермициак .

Трамп: Верувам дека ќе го добиеме Гренланд

Трамп постојано изразува интерес за најголемиот остров во светот, атрактивен поради големите резерви на суровини и стратешки важна локација. Неодамна тој дури изрази очекување дека Гренланд по сопствена волја ќе се приклучи на САД. Островот ќе се договори со САД, рече тој за време на викендот. „Мислам дека ќе го добиеме Гренланд бидејќи тоа навистина има врска со слободата на светот“.

Кој го поседува Гренланд?

00:57

This browser does not support the video element.

Гренландскиот премиер Муте Б. Егеде неодамна го изрази своето силно противење за приклучување кон САД. Во голема мерка независниот  остров меѓу Северниот Атлантик и Арктичкиот Океан со своите 57.000 жители е подготвен да ја продлабочи соработката. „Но, Гренланд не сака да биде дел од САД“, рече Егеде.

Огромниот остров, шестпати поголем од Германија, е од огромно значење за глобалната клима, за воената контрола на Арктикот и е богат со суровини. Во регионот има и важни бродски рути.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми