1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Охрид: Единствен концерт на вода

01:05

This browser does not support the video element.

Ана Арсеновска-Зафирова
15 јули 2025

Староградската пловидба со ВИС „Билјана“ е единствениот концерт на вода наречен „Ој љубов, љубов“ кој годинава по шести пат се одржа во Охрид. Ја негува трубадурската традиција за Петровден во Охрид.

Староградска пловидба со ВИС „Билјана“. Концерт на вода „Ој љубов, љубов“ е единствениот од тој тип во Македонија, кој ја негува трубадурската традиција за Петровден во Охрид. 

„Имавме многу голема посетеност, околу 70 пловни објекти со весла ја следеа музиката. И сега се закотвивме на старото пристаниште познато како Островче, каде што сите заедно можеме да ги испееме најубавите охридски и македонски песни“, вели еден од организаторите на настанот, Димитар Поп Стефанија. 

Возобновената традиција ги оживува староградските песни. Шеста година по ред, на кајчиња, кајаци и супови Охриѓани и туристите уживаат. 

„Навистина кога ќе видиме посетители во ваков број, а не е на копно, за нас значи многу. Значи не само за музиката, туку и за екологијата на градот. Сакаме да потенцираме дека Охридското езеро заслужува весла, а не заслужува мотори“, вели Јован Поп Стефанија од ВИС „Билјана“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми