1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГлобално

Оксфам го критикува кризното профитерство на концерните

СН/агенции
16 јануари 2023

Секое десетто лице на светот гладува, а истовремено, многу компании оствариле огромни профити од кризите. Според Оксфам, 95 прехранбени и енергетски концерни во 2022 повеќе од двојно го зголемиле својот профит.

Во многу африкански земји како на пример во јужна Ангола, луѓето повеќе не можат да купуваат храна поради високите цени
Во многу африкански земји како на пример во јужна Ангола, луѓето повеќе не можат да купуваат храна поради високите цениФотографија: Adílson Liapupula/DW

Според извештајот „Опстанок на најбогатите“, кој хуманитарната организација го претстави на Светскиот еконономски форум во Давос во Швајцарија, за првпат во последните 25 години истовремено растат екстремната сиромаштија и екстремното богатство.

Освен тоа, големите фирми и нивните сопственици профитираа од разните кризи кои го погодија светот во последните неколку години. Од 2020 година на најбогатиот процент во светот им припаднале вкупно 26 билиони американски долари, а останатите 99 остсто имале на располагање 16 билиони долари.

Поголемиот број гладни се жени и девојчиња

Во изминатата година, богатството на милијардерите повторно „нагло се зголемило“, особено поради „вртоглавиот брз профит на прехранбените и на енергетските компании“. Меѓу нив, 95 фирми повеќе од двојно го зголемиле профитот минатата година.

Хуманираната организација Оксфам помага насекаде во светотФотографија: Getty Images/AFP/J. Cendon

Во Германија 81 отсто од вкупниот раст на богатството остварено меѓу 2020 и 2021 година им припаднале на најбогатото население. А, останатите 19 насто од тоа зголемување на богатството оди на 99 отсто од граѓаните на Германија.

Според податоците на Оксфам, најмалку 1,7 милијарди работници живеат во земји во кои инфлацијата е поголема од растот на платите.

Речиси секое десето лице во светот гладува. Според овој извештај, 60 насто од гладните во светот се жени и девојчиња.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми