Октоберфест: Претрес по закана со бомба
1 октомври 2025
Локацијата на која што се одржува Октоберфест (Терезиенвизе) во Минхен денеска ќе остане затворена до 17:00 часот поради закана со бомба. Според полицијата, во позадина на ваквата одлука е пожар со експлозии во куќа во северен Минхен. Во куќата се пронајдени експлозивни направи, а се истражува и поврзаност со Терезиенвизе, соопшти полицијата. Според информации од Град Минхен, постоела конкретна закана со експлозија против Октоберфест која имала врска со експлозијата во куќата.
Полицијата соопшти дека истражува во сите насоки. По откривањето на експлозивните направи во куќата, се истражува и можна поврзаност со други локации, вклучувајќи го и местото каде што се одржува Октоберфест. Местото на пожарот во северен Минхен и Терезиенвизе во центарот на градот се оддалечени околу девет километри.
Не е јасно дали постои конкретна опасност. Полицијата започна потрага по можни експлозивни направи во областа околу Терезиенвизе. Луѓето кои работат на Октоберфест се замолени да го напуштат фестивалскиот простор. „Ќе следат дополнителни заштитни мерки“, соопшти полицијата.
Денеска изутрина (1.10) во населбата Лерхенау во Минхен биле повикани пожарникари и полиција поради пожар предизвикан од семејна кавга. Во близина на пожарот е пронајден тешко поврден човек, кој подоцна им подлегнал на повредите. По друго лице сѐ уште се трага, но, како што се вели, од него не произлегува опасност.