1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоФранција

Олимпијада 2024: Големата нација и Игрите

Јулија Борута (АРД)
12 август 2024

Пред Олимпијадата, Франција изгледаше исцрпена од политичкото неединство во земјата. Но, настаните во Париз покажаа дека луѓето од Големата нација можат да постигнат многу заедно. Коментар на Јулија Борута, АРД.

Париз Олимпијада
Настаните во Париз покажаа дека луѓето од Големата нација можат да постигнат многу заедноФотографија: Fabrizio Bensch/REUTERS

Французите се осмелија и победија. Со креативност, смелост и компетентност, му покажаа на светот што може да се случи ако не тргнете по најбезбедниот и најудобниот пат, ако се осмелите да сонувате. Ни дадоа Игри како на разгледница. Наспроти живописната позадина - одбојка на плажа кај Ајфеловата кула, скејтање на Плас де ла Конкорд, јавање коњи околу Версај, сурфање на бранови во Тахити, велосипедски трки на Монмартр.

Но, тоа не беше само празник за сетилата, туку сè имаше смисла: белата балерина и црниот уличен танчер, кои вртеа заедно низ сцената во еклектична хармонија за време на паузите. Трите удари со театарската дрвена палка на почетокот на секој натпревар, кои го симболизираа единството, заедничкото искуство меѓу спортистите и публиката. Но имаше и: велосипеди за изнајмување на секој агол, бесплатна вода насекаде и маратон за секого. Франција ни даде многу човечки и многу европски игри. Спомениците што се гледаа во позадина не потсетуваат на она што може да се постигне со храброст и генијалност. 

Ќе следува ли мамурлак? 

Големата нација, која толку многу се бори самата со себе, навистина ја покажа својата величина. Французите му докажаа на светот и пред сè на самите себе, што можат да постигнат кога ќе се обединат. Но, што сега? Дали од оваа позитивна интоксикација ќе следува неизбежен мамурлак или може дел од единството да се спаси во овој друг свет? Светот на политичките судири, огорченост и популизам. Франција изгледаше толку исцрпено пред игрите, толку растргнато и болно? Зарем Франција не може да го искористи овој двонеделен фестивал за да ја врати довербата: во себе, во иднината, во нејзината способност да учи нови работи - можеби дури и да создава коалиции? Затоа што Франција е на крстопат. Следните неколку недели ќе покажат дали земјата може да ја искористи политичката ситуација по новите избори без јасно мнозинство за понатамошен развој на својот политички систем: повеќе парламент, помалку претседател. Повеќе компромиси, помалку поделби. 

Градоначалничката на Париз рече дека за време на игрите секој можел да „добие убава доза среќа - за студената зима". Притоа, таа мислеше на студената атмосфера меѓу политичките табори. Еден парижанка ми рече: „Ние сме непобедливите Гали. Обожуваме да се надминуваме себеси." Тоа веќе се случи на Олимпијадата. Сега само треба да се одработи политички. Јас навистина и го посакувам тоа на Франција. 

Оригиналниот текст на коментарот беше објавен од германскиот јавен сервис АРД. 

Овој коментар го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на македонската редакција на Дојче Веле или со ДВ во целина.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми