1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортФранција

Олимпијадата во Париз: голем празник на спортот

Штефан Нестлер
12 август 2024

Олимписките игри во Париз поставија нови стандарди. Извонредни спортски достигнувања, полни трибини, прекрасно расположение - и малку проблеми.

Со четири златни медали, пливачот Леон Маршан е најуспешен спортист на Олимписките игри во Париз
Со четири златни медали, пливачот Леон Маршан е најуспешен спортист на Олимписките игри во ПаризФотографија: David G. McIntyre/Zumapress/picture alliance

И највисокиот спортски функционер на светот беше одушевен. „Олимписките игри во Париз 2024 се љубовна приказна“, рече на финалната пресконференција Германецот Томас Бах, кој е претседател на Меѓународниот олимписки комитет. „Спортистите, луѓето во Франција и на целиот свет се вљубени во игрите и едни во други. Се чувствува и гледа ентузијазмот на сите", додаде тој.

33-тите Олимписки игри се историја. Околу 10.500 спортисти во Париз речиси две недели се бореа во 32 спортски дисциплини за медали. За прв пат во историјата на игрите имаше исто толку жени колку и мажи учесници. Најуспешна нација беа САД со 40 пати злато, 44 сребрени и 42 бронзени медали. Германија со 12 златни, 13 сребрени и 8 бронзени медали заврши на 10 место. 

Спектакуларно отворање

Вообичаено на крајот на Олимписките игри никој веќе не разговара за нивното отворање, но во Париз тоа беше поинаку. Прославата во режија на Тома Жоли беше огномет на креативноста. Спектакуларна, со диверзитет. Спортистите во бродови дојдоа преку Сена, супер ѕвезди како Лејди Гага и Селин Дион пееја. И Олимпискиот оган на крајот на штафетата со факелот беше издигнат над париското небо.  

Необичното патување на Олимпиското знаме по реката Сена до плоштадот ТрокадероФотографија: MAURO PIMENTEL/AFP/Getty Images

И покрај фалбите од сиот свет режисерот Жоли доби и закани со смрт бидејќи наводно во една сцена со травестити и речиси гол пејач се потсмевал на тајната вечера на Исус. Жоли категорично ги отфрли обвинувањата.

Прекрасна атмосфера

Воодушевената публика речиси секое натпреварување го правеше забава. Пред се кога настапуваа француските спортисти како пливачот Леон Маршан, кому 17 илјади навивачи во арената Ла Дефенс му даваа поддршка толку гласна што потсетуваше на извиците по гол во фудбалски стадион. И на маратоните под отворено небо во десетина редици од работ на улицата навивачите даваа поддршка на спортистите. 

По „ковид игрите“ во Токио се чинеше дека луѓето се гладни за Олимпијада без пречки. Никогаш досега не биле продадени толку влезници колку во Париз, речиси девет милиони повеќе од 50 илјади полицајци, жандарми и војници се грижеа за безбедноста за време на Игрите.

Летонски навивал на трибините на плоштадот Конкорд ги следеше настапите во баскет 3 на 3Фотографија: Angelika Warmuth/REUTERS

Атракциите како Ајфеловата кула или Замокот во Версај придонесоа за спектакуларна кулиса на натпреварите. Успеавме да создадеме „позитивна слика за Париз, за тоа што сме заедно, за Французите како посебна нација која секогаш со зачуденост и воодушевување се перцепира од луѓето од страна", оцени градоначалничката Ан Идалго. 

 

Супер-ѕвездите на игрите

Леон Маршанд стана нов француски национален херој. 22 годишниот со четири злата на индивидуално и една бронзена медала на групно ниво е најуспешниот почетник на игрите. „Мислам дека моите успеси една недела го сменија Париз", рече тој во интервју за ДВ. „Беше магично. Беше успешно. Олимписките игри беа неверојатни. Секој гледаше спорт и тоа навистина е реткост и нешто посебно за нас спортистите“, додаде Маршанд.

На американската гимнастичарка Симон Бајлс, која во 2021 во Токио имаше психички проблеми и потоа една и половина година не учествуваше во натпревари, и успеа впечатлив камбек со три пати злато и една сребрена медала. Ако се мери според вкупниот биланс, 30 златни медали на светски првенства, 11 на Олимпијада, 27-годишната е најуспешната гимнастичарка на сите времиња.

Гимнастичката ѕвезда од САД, Симон Бајлс освои три златни медали и ги воодушеви гледачитеФотографија: Anadolu/picture alliance

Во пливањето тоа е Кејти Ледеки. 27-годишната Американка специјалист за краул, во Париз ја ги освои осмата и деветтата златна олимписка медала, како и два пати сребрена. За најспектакуларниот светски рекорд се погрижи Арманд Дуплантис кој ја одбрани титулата од Токио. 24-годишниот кој настапува за Шведска скокна 6,25 метри и со тоа 30 сантиметри повисоко од второпласираниот Сем Кендрикс од САД.

Вознемиреност за други теми

За ништо не се дебатираше толку колку за лошиот квалитет на водата во реката Сена, како и за правото на учество за боксерките Имане Келиф и Лин Јутинг. Триатлонот кај мажите мораше да се помести за еден ден бидејќи концентрацијата на е-коли бактерии во Сена беше преголема.

Реката „има сосем нормален вкус", рече германската триатлонка Нина Ајм, кога конечно се одржа натпреварувањето. Спортисти од Белгија, Швајцарија и Норвешка отпосле заболеа. Но, не беше без дилеми докажана поврзаност меѓу пливањето во реката и заразата.на крајот и планираното пливање преку 10 километри на отворено се одржа во Сена. 

И покрај двојбите за квалитетот на водата, во реката Сена сепак се оддржаа олимписки натпревари.Фотографија: Marijan Murat/dpa/picture alliance

Предмет на дебата беше и учеството на боксерките Келиф од Алжир и Лин од Тајван. Првата противничка на Келиф, Анџела Карини се откажа веќе по 46 секунди, бидејќи Келиф два пати ја погодила по носот и не можела да дише. Потоа на социјалните мрежи се разгореа дебати околу правото на учество на Алжирката кои делумно завршија со говор на омраза и дезинформации. Меѓународната боксерска асоцијација двете боксерки ги имаше дисквалификувано на светското првенство 2023 со образложението дека не го положиле тестот за полот и затоа не можеле да настапуваат кај жените. Меѓународниот олимписки комитет и ги одзеде сите права на Асоцијацијата и боксерските натпреварувања во Париз ги спроведе во сопствена режија. Комитетот го бранеше правото на учество на боксерките и посочи дека двете се жени. Двете во својата категорија освоија злато. По победите тие беа посебно почестени што на завршната церемонија можеа да ги носат знамињата на своите земји. Бах оцени дека дури следната година ќе се одлучи дали боксувањето ќе биде на програмата и на следните Олимписки игри во 2028 во Лос Анџелес.

Олимпијадата 2024 во Париз - модно најстилска досега?

00:59

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми