1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаПалестински територии

ОН: Без консензус за полноправно членство на Палестина

СН/агенции
12 април 2024

Членките на Советот за безбедност на ОН не успеаја да постигнат консензус за палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН.

Во 2011 година, Палестинците веќе се обидоа да добијат полноправно членство во ОН. Тие дури презентираа и стол за предложено седиште во Обединетите нации за Палестина
Во 2011 година, Палестинците веќе се обидоа да добијат полноправно членство во ОН. Тие дури презентираа и стол за предложено седиште во Обединетите нации за ПалестинаФотографија: Justin Lane/epa/dpa/picture alliance

Комитетот на Советот за безбедност на ОН не успеа да се договори за заеднички одговор на обновената кандидатура на државата Палестина за полноправно членство во Обединетите нации.

Амбасадорката на Малта во ОН, Ванеса Фрејзер, која моментално претседава со комитетот, по состанокот во Њујорк во четвртокот изјави дека две третини од членовите се за апликацијата, додека пет биле против.

Се смета дека е малку веројатно дека комисијата ќе препорача Советот за безбедност да гласа за апликацијата. Меѓутоа, секоја земја членка на Советот за безбедност може да донесе резолуција за таа цел во секое време.

Како Палестина може да стане полноправна членка на ОН?

Палестинците, кои имаат статус на набљудувач во светската организација од 2012 година, со години лобираа да добијат полноправно членство, што би претставувало признавање на палестинската државност.

Алжир, кој ги претставува арапските нации во Советот, планира да ја поднесе резолуцијата наредната недела, велат дипломатски извори.

Сепак, таквата резолуција најверојатно ќе пропадне бидејќи САД, најблискиот сојузник на Израел во Советот за безбедност, веројатно ќе стави вето. Израел беше доследен и жесток противник на приемот на Палестина.

За да успее тоа, најмалку девет од 15 членки на Советот за безбедност ќе треба да гласаат за резолуцијата, а ниту една од петте постојани членки на Советот, Кина, Франција, Русија, Велика Британија и Соединетите Држави, не гласаа против.

Доколку биде успешна, резолуцијата потоа ќе оди на гласање во Генералното собрание на ОН. За усвојување ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

Палестина како независна држава ја признаа 139 од 193 земји членки на ОН.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми