1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН ја обвини Кина за можни злосторства против човештвото

БГ /РТР
1 септември 2022

Произволниот и дискриминаторски притвор на Ујгурите и другите муслимани во регионот на Шинжијанг од страна на Кина би можело да претставува злосторство против човештвото, оцени Комесарката за човекови права на ОН.

Ујгури Кина Протест
Протести против третманот на Ујгурите во КинаФотографија: Willy Kurniawan/REUTERS

Високиот комесар за човекови права на ОН, Мишел Бачелет го објави извештајот за состојбата во Кина само неколку минути пред завршувањето на нејзиниот четиригодишен мандат во светската организација. Таа во повеќе наврати беше критикувана поради мекиот однос кон Кина - земја која ја посети во мај годинава.

Во извештајот на 48 страници, Канцеларијата за човекови права на ОН оценува дека во кинеската провинција Шинжијанг се сторени „сериозни нарушувања на човековите права“ во контекст на владините анти-терористички и антиекстремистички стратегии. 

„Опсегот на произволното и дискриминаторско затворање на членови на Ујгурската и други претежно муслимански групи... би можеле да претставуваат меѓународни злосторства, во прв ред злосторства против човештвото“, се наведува во извештајот на ОН. На кинеската влада ѝ се препорачува да преземе итни чекори за ослободување на сите затворени во центри за превоспитување, затвори или притвори. 

„Постојат и веродостојни индикации за нарушување на репродуктивните права преку насилно наметнување на политики за семејно планирање од 2017 година“. 

Комесарката за човекови права на ОН, Мишел БачелетФотографија: Fabrice Coffrini/AFP/Getty Images

Групите за заштита на човекови права го обвинуваат Пекинг за злосторства против Ујгурите, 10-милионско муслиманско етничко малцинство, преку нивно масовно злоупотребување за присилна работа во кампови за интернирање. САД ја обвинуваат Кина за геноцид. 

Кина негира злосторства 

Кина остро негира какви било нарушувања на човековите права во Шинжијанг и се спротивстави на извештајот на ОН со одговор на 131 страница. Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи го оцени извештајот на ОН како „целосно нелегален и ништовен“.

„Ова уште еднаш докажува дека Канцеларијата за човекови права стана марионета и соучесник на САД и на Западот“, изјави кинескиот претставник. 

Дилџат Раџит од Светскиот ујгурски конгрес, изјави дека извештајот ги потврдил „солидните докази за злосторства“ против Ујгурите, но посака да бил и построг. 

Контролна кула во камп за интернирање на Ујгури во КинаФотографија: Ng Han Guan/AP/picture alliance

„Жалам што Канцеларијата за човекови права не ги карактеризираше овие екстремни злосторства како геноцид“, изјави Раџит.

Агенцијата Ројтерс минатата недела јави дека Кина барала од Бачелет да не го објавува извештајот. Бачелет потврди дека примила писмо на кое биле потпишани уште 40 други држави, но рече дека нејзината Канцеларија нема да потпаѓа под таков притисок. 70-годишната Бачелет планира да се врати во Чиле и да се пензионира.

Од Хјуман Рајтс Воч ја критикуваа нејзината одлука.

„Искрено, да се објави извештај на заминување го намалува неговото значење. Со објавувањето и бегањето таа се откажува, нема да стори повеќе ништо со него. Таа, на некој начин, го фрла во корпа и заминува од работа“, изјави Кенет Рот од Хјуман Рајтс Воч.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми