1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

ОН: Киев и Москва си ја префрлаат вината за браната Каховка

ЖА / агенции
7 јуни 2023

По уништувањето на браната Каховка, Киев и Москва во Советот за безбедност на ОН меѓусебно си ја префрлаа вината. Украинскиот амбасадор во ОН изјави дека експлозијата е „натамошен пример за рускиот геноцид“.

Украина брана Каховка војна
Украински граѓани ги напуштаат своите домови поради поплавата по уништувањето на браната КаховкаФотографија: picture alliance/dpa/AP

Трагедијата со уништената брана Каховка е натамошен пример за тоа какви страшни страдања им носи војната на луѓето, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш уште пред вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, која се одржа без негово присуство.

Украина ја обвини Русија за минирање на браната Каховка. Москва тврди дека украинските трупи ја гранатирале постројката.

Но, како и речиси сите членки на Советот за безбедност на ОН, Гутереш го истакна фактот дека уништувањето на браната во јужна Украинапретставува ново, разорно ниво на влијание на руската инвазија врз Украина.

Гутереш истакна дека ОН немаат независни сознанија за начинот на кој е уништена браната Каховка. Тоа го изјави и претставникот на Вашингтон во ОН, Роберт Вуд пред седницата.

Вуд подвлече меѓутоа дека саботажа од страна на Киев ја смета за малку веројатна опција. „Зошто Украина би им приредила такво нешто на сопствените луѓе на своја територија, би ја поплавила сопствената земја и би принудила илјадници да ги напуштат своите домови? Тоа нема никаква смисла."

Украинскиот амбасадор во ОН Сергиј Кислицја ја обвини Русија за лажење во Советот за безбедност, крајно, областа во која што се наоѓа уништената брана се наоѓа под руска контрола, а бомбардирање од страна не би било воопшто можно.

Рускиот амбасадор во ОН Васили Небенсја постави услов за да се дозволи пристап на експерти и помош од ОН – тие можат да бидат пуштени во областите под руска контрола само ако таму патуваат преку Москва.

И координаторот на ОН за итна помош Мартин Грифитс изрази шокираност од настаните околу браната Каховка. Во својот извештај пред Советот за безбедност на ОН за хуманитарната ситуација пред три недели, тој укажал на умирањето и страдањата на цивилното население на двете страни во конфликтот: „А денешните вести значат дополнително влошување на ситуацијата во која се ставени луѓето во Украина.“

Најмалку 40 населби се делумно или целосно поплавени поради уништувањето на браната Каховка, а во следните денови нивниот број ќе се зголемува. За најмалку 16.000 луѓе, кои поради поплавите останаа без покрив над главата, организациите на ОН пружаат хуманитарна помош. Браната беше важен извор за вода за наводнување за земјоделците, нејзиното уништување е удар и за производството на храна.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми