1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСирија

ОН признаваат: Ги оставивме Сиријците на цедило

БГ /АП
13 февруари 2023

Помошта никако да стигне до северозападна Сирија- регион кој беше тешко погоден од минатонеделниот катастрофален земјотрес. Воениот конфликт и политичките недоразбирања ги оставаат Сиријците сами на себе.

Алепо Сирија Земјотрес
Урнатини во Алепо по катастрофалниот земјотресФотографија: Kasim Rammah/AA/picture alliance

По повеќегодишна војна, жителите на регионите во северозападна Сирија погодени од катастрофалниот земјотрес се соочуваат со нова и влошена реалност. Една недела по разорниот потрес со јачина од 7.8 степени ги погоди Сирија и Турција, Обединетите нации го признаа неуспехот на меѓународната заедница да им помогне на Сиријците- жртви на земјотресот. 

Во Атареб, град под контрола на сириските бунтовници, преживеаните копаат низ урнатините на нивните домови, собирајќи остатоци од нивните уништени животи и барајќи начин да застанат на нозе по последната од серијата хуманитарни катастрофи кои го погодија овој завојуван регион. Сиријците го прават она на што се навикнаа низ годините на кризи и војна: се потпираат сами на себе за да се извлечат.

„Се обидуваме да се повратиме“, вели Хекмат Хамуд, кој веќе двапати бил раселен за време на граѓанската војна во Сирија, за на крајот да се најде под урнатините на земјотресот. Над 4 милиони луѓе раселени од војната живеат во северозападните региони на Сирија. Голем дел од настраданите во земјотресот веќе беа бегалци од војната и живееја во шатори или во згради со ослабена конструкција поради масовните бомбардирања на владините трупи. 

Конвој со помош за Сирија на граничниот премин Баб Ал-Хава на турско-сириската граница Фотографија: OMAR HAJ KADOUR/AFP

Помош која не пристигнува 

За време на посетата на турско-сириската граница во неделата, помошникот генерален секретар на ОН, Мартин Грифитс призна дека Сиријците биле препуштени „да очекуваат меѓународна помош која не пристигна“.

„Ги оставивме на цедило луѓето во северозападна Сирија. Со право се чувствуваат напуштени. Мојата задача и нашата обврска е да ги поправиме грешките што е можно побрзо“. Северозападна Сирија речиси целосно е зависна од помош за преживување, но помошта за земјотресот пристигнува многу бавно или воопшто. Првиот конвој на ОН пристигна од Турција во регионот во четвртокот- три дена по земјотресот. 

Дотогаш, единственото нешто што минуваше низ преминот Баб Ал-Хава на турско-сириската граница, беа телата на жртвите на земјотресот префрлувани во нивната татковина за погреб- претежно сириски бегалци од војната кои се населија во Турција но настрадаа во земјотресот. 

Помошта од ОН може да влезе од Турција во Сирија само преку граничниот премиер Баб Ал-Хава, а транспортот е дополнително искомплициран поради уништените патишта. Технички, помошта може да се доставува и од владините региони во Сирија, но таа рута е блокирана поради политички и бирократски пречки. 

Завојувани страни 

Конвој со помош од ОН кој во неделата требаше да влезе во бунтовничкиот регион Идлиб од владиниот регион беше откажан откако неговиот влез го блокираше групацијата Хајат Тахрир ал-Шам, блиска до Ал Каеда, која го контролира тој предел. Делови од северна Сирија се под контрола на различни, честопати меѓусебно завојувани групи, што дополнително ги отежнува хуманитарните напори. Бунтовниците поддржани од Турција ги блокираат конвоите со помош кои пристигнуваат од регионите контролирани од Курдите. 

Урнатини во сирискиот град Харим кој е под контрола на бунтовницитеФотографија: OMAR HAJ KADOUR/AFP/Getty Images

„Се обидуваме на сите да им кажеме да ја остават политиката настрана. Ова е време да се обединиме околу заедничките напори за поддршка на сирискиот народ“, вели Геир Педерсен, специјалниот пратеник на ОН за Сирија.

Неколку држави кои ги прекинаа дипломатските односи со Сирија поради граѓанската војна, како Египет и Обединетите арапски емирати, во меѓувреме испратија помош до владата во Дамаск.

Но во бунтовничките региони, нема такво нешто на повидок. Раед ал-Салех, првиот човек на Белите шлемови, група за цивилна заштита во северозападна Сирија, вели дека посетата на Грифитс дошла предоцна. Тој вели дека со денови не било одговорено на барањата за меѓународна помош од локалните тимови за спасување, „и за тоа време непотребно биле загубени огромен број животи“. 

Аја, „бебето чудо“ родено под урнатините во Сирија

01:01

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми