1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

ОН стравуваат од преку 50.000 жртви во земјотресот

ЖА / агенции
13 февруари 2023

По разорниот земјотрес во Турција и Сирија спасување на преживеани е се` поретко, а бројот на загинати надмина 35.000. ОН стравуваат од удвојување на билансот на жртвите.

Türkei Adiyaman | Erdbeben | Rettung von Frau nach 164 Stunden
Фотографија: Aytac Unal/Anadolu Agency/picture alliance

Една недела по катастрофалниот земјотрес во турско-сириската гранична област, бројката на загинати се искачи на над 35.000, само во Турција има преку 30.000 жртви, како што јави државната новинска агенција Анадолу во неделата, повикувајќи се на информации од турската управа за цивилна заштита Афад. Последниот биланс на мртви од Сирија изнесува над 4500. Координатоорт на ОН за пружање итна помош, Мартин Грифитс, по посетата на земјотресното подрачје во Турција, истакнува меѓутоа дека овие бројки ни оддалеку не се конечниот биланс, тој стравува од нивно удвојување.

Пресметките на Светската здравствена организација покажуваат дека од катастрофата во Турција и во Сирија можеби се засегнати вкупно 26 милиони луѓе, од кои пет милиони и онака се сметаа за итно зависни од помош. За најмалку 870.000 луѓе во двете земји треба да се обезбеди топол оброк, а само во Сирија повеќе од 5,3 милиони лица се останати без покрив над главата.

ОН самокритички констатираа целосно потфрлање во пружањето помош од страна на интернационалната заедница. Координаторот Грифитс на Твитер во неделата напиша: „Досега ги оставивме на цедило луѓето во северозападна Сирија“, упатувајќи апел во најскоро време ситуацијата да се подобри.

Сириските области кои настрадаа во земјотресот меѓутоа уште се тешко достапни, за помош е отворен само еден граничен премин за хуманитарната помош кон Сирија, Баб ал-Хава.

Расте гневот во Турција поради бавната помош

02:16

This browser does not support the video element.

За доставување поголеми пратки хуманитарна помош во областите контролирани од бунтовниците не се пречка само уништените патишта, туку и тврдиот став на сирискиот властодржец Башар ал-Асад. Наводно, тој во меѓувреме најавил подготвеност да дозволи отворање дополнителен број гранични премини во ваквата вонредна ситуација, изјави шефот на СЗО Тедрос Гебрејсус по средбата со него во Дамаск. Хуманитарната курдска организација  Црвена полумесечина меѓутоа јави дека нејзин конвој е запрен на околу 50 километри пред Алепо. Владата би дала дозвола за продолжување на патот само доколку хуманитарците отстапат најмалку половина од помошта и една амбуланта.

Зрак светлина во целата катастрофа и надеж дека сепак се можни и чуда претставуваат вестите за успешно извлекување преживеани од под урнатините и шест дена по разорните потреси. Во турскиот град Адијаман се спасени две сестри, кои 153 часа преживеале под шутот на голем студ, како што јави телевизијата Хабертурк. Истата телевизија прикажа и снимка од извлекувањето на едно шестгодишно дете од остатоците на семејната куќа.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми