1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН усвои резолуција за Украина: Македонија гласаше „за“

25 февруари 2026

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за траен мир во Украина. 107 земји гласаа „за“, Русија беше против, САД воздржани. Македонија ја поддржа резолуцијата.

Амбасадорите гласаат за резолуција за потврдување на терористички интегритет на Украина, за време на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина, во седиштето на ОН во Њујорк на 24 февруари 2025 година.
Македонија меѓу 107 земји кои гласаа за мир во Украина Фотографија: Charly Triballeau/AFP/Getty Images

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) усвои резолуција со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. На гласањето, Македонија и 107 земји беа „за“, 12 „против“, а 51 земја беше воздржана. Русија гласаше против резолуцијата, додека САД беа воздржани.

Резолуцијата беше поднесена од Украина и поддржана од повеќе од 45 коспонзори. Од земјите во регионот, за документот гласаа Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, додека Србија беше воздржана.

Реакцијата на Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на платформата X изрази благодарност до 107-те земји што „застанале покрај Украина во одбрана на животот“ и сподели табела со резултатите од гласањето.

„Генералното собрание ја усвои нашата резолуција во поддршка на траен мир со јасни повици за целосен прекин на огнот и враќање на нашиот народ. Ова се правилни и неопходни чекори и ќе продолжиме активно да работиме со нашите партнери за да постигнеме мир“, напиша Зеленски.

Што истакнува резолуцијата

Резолуцијата го нагласува регионалното и глобалното влијание на војната во Украина и изразува „сериозна загриженост“ поради континуираните руски напади врз цивили, цивилна инфраструктура и критични енергетски објекти, што ја влошува хуманитарната состојба. Документот повторно ја потврдува посветеноста на ОН на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ги и нејзините територијални води.

Во резолуцијата се бара:

  • итен, целосен и безусловен прекин на огнот
  • целосна размена на воени заробеници
  • ослободување на сите незаконски притворени лица
  • враќање на насилно префрлените или депортирани цивили, вклучувајќи деца

Резолуцијата беше усвоена на денот кога се одбележува четири години од почетокот на руската инвазија врз Украина. Зеленски оцени дека документот претставува „правилен и неопходен чекор“ кон мир.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми