1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаГлобално

ОН усвоија прва резолуција за вештачката интелигенција

СН/агенции
22 март 2024

Веќе подолго време со предностите и опасностите од вештачката интелигенција се занимаваат и Обединетите нации. Сега, Генералното собрание на ОН усвои и соодветен документ.

Како и бизнисите, така и политичарите се обидуваат да се справат со појавата на вештачката интелигенција и промените што може да ги донесе
Како и бизнисите, така и политичарите се обидуваат да се справат со појавата на вештачката интелигенција и промените што може да ги донесеФотографија: DW

Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк за првпат усвои резолуција за вештачката интелигенција.

Во текстот на резолуцијата предложена од САД на се наведува дека брзиот развој на вештачката интелигенција изискува меѓународни правила и овозможува соработка, особено со посиромашните земји.

Мора итно да се постигне глобален консензус за „безбедни и доверливи системи за вештачка интелигенција“ се вели во резолуцијата, која ја осудува злоупотребата на вештачката интелигенција.

Седница на Генералното собрание на ОН во февруари, 2024 годинаФотографија: KENA BETANCUR/AFP/Getty Images

По три месечни преговори меѓу дипломатите, нацрт- текстот на резолуцијата веќе беше прифатен во најголемото тело на ОН без никакви дополнителни предлози за промени. Ова му овозможи на Генералното собрание со своите 193 членови да ја усвои разолуцијата со консензус без формално гласање. Резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки.

Вештачката интелигенција обично се однесува на апликации базирани на машинско учење. Брзиот развој на сè помоќен софтвер нуди огромни можности и поттикнува надеж за голем напредок во борбата против болестите како ракот или проблемите како климатската криза. Во исто време, постои загриженост дека моќните апликации може да предизвикаат голема штета доколку не се регулираат.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе неколкупати предупреди од опасностите од технологијата и свика група експерти за да ги советува Обединетите нации на оваа тема. Советот за безбедност на ОН, исто така, веќе се осврна на ова прашање.

Со вештачка интелигенција против Алцхајмерова болест

00:46

This browser does not support the video element.

Европскиот парламент кон средината на месецот даде зелено светло за построги правила за вештачка интелигенција во Европската унија. Според Парламентот, ова е првиот закон за вештачка интелигенција во светот. Според  законот, системите за вештачка интелигенција во иднина треба да се поделат на различни ризични групи. Колку е поголема потенцијалната опасност од апликацијата, толку построги треба да бидат условите за нејзино одобрување. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми