1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДДВ за Тему: Пратките ќе стигнуваат без дополнителни трошоци

20 ноември 2025

Измените на Законот за ДДВ не носат дополнителни трошоци за пратки од Тему. ДДВ останува вклучен во цената, а целта е поддршка на домашната економија, велат од Министерството за финансии

Човек носи пакети од Тему во зграда. Германија 21.8.25
Владата го укина ослободувањето од ДДВ – како влијае на купувањата од Тему?Фотографија: Michael Bihlmayer/Bihlmayerfotografie/IMAGO

По бројните недоумици во јавноста, Министерството за финансии информира дека усвоените измени на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата Тему.

ДДВ останува вклучен во цената на производот, што значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката. Нема нова обврска за уплата, нагласуваат од Министерството.

Како се пресметува ДДВ за онлајн пратки?

ДДВ кој е пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор. Со законските измени не се менува начинот на прием и царинење на пратките во Македонија.

Целта на законските измени

Собранието деновиве ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра.

Целта е зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Законски измени за ДДВ: Поддршка за домашната економија, без товар за граѓанитеФотографија: Philippe Turpin/Photononstop/picture alliance

Ефектите врз домашната економија и компаниите

Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании. Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно – колку што изнесува прометот кон странските онлајн платформи во одредени периоди – ќе се пренасочат кон домашното стопанство.

Овие средства се очекува да помогнат во растот на локалните компании, креирањето нови работни места и подобрувањето на условите и платите на вработените.

Намалување на сивата економија

Досегашниот систем дозволуваше злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина, велат од МФ

Трошокот за пресметката и плаќањето на ДДВ нема да падне на товар на граѓаните, што значи дека нема да има промена на цените за крајните потрошувачи. Мерката, според надлежните, обезбедува фер конкурентност помеѓу домашните и странските онлајн продавници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми