1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаСоединети Американски Држави

ОпенАИ поднесе барање за излегување на берза

ЕМФ | агенции
9 јуни 2026

Компанијата ОпенАИ, која ја разви ЧетГПТ, се движи кон излегување на берза. Истовремено, фирмата сигнализира дека сака да си даде време за тој чекор.

Симболична слика: Вештачка интелигенција 2025 | Лого на ЧетГПТ на смартфон
Американската компанија ОпенАИ, развивач на ВИ-четботот ЧетГПТ, поднесе пријава за излегување на берзаФотографија: Mateusz Slodkowski/SOPA Images/ZUMA/picture alliance

Една недела по својот голем конкурент Антропик, и американската компанија ОпенАИ поднесе пријава за излегување на берза. Соодветните документи биле доставени до американската Комисија за хартии од вредност и берза (СЕЦД), соопшти развивачот на ВИ-четботот ЧетГПТ. Слично како и во случајот на Антропик, деталите од доверливото барање засега остануваат непознати.

За точниот тајминг на излегувањето на берза „сè уште не е донесена одлука“. Се наведува дека овој чекор може да потрае.

Се очекува големо берзанско излегување на СпејсИкс

Со тоа се комплетира триото на очекувани мега-берзански излегувања на технолошки компании: покрај Антропик и ОпенАИ, и вселенската компанија СпејсИкс на Илон Маск планира да излезе на берза – и тоа веќе за неколку дена. СпејсИкс има за цел веднаш да достигне проценка од речиси 1,8 билиони долари (околу 1,56 билиони евра). Со очекувани приходи од околу 75 милијарди долари, тоа би можело да биде најголемото берзанско излегување досега.

ОпенАИ се натпреварува со Антропик и нејзиниот четбот Клод. Притоа, не станува збор само за понатамошниот развој на вештачката интелигенција, туку и за обезбедување на потребните средства за нејзино финансирање. Само пред една недела, Антропик поднесе пријава за својот берзански настап, а се очекува тој чекор да биде реализиран уште во текот на оваа година. Непосредно пред објавата за излегувањето на берза, американската компанија, по нова рунда финансирање, соопшти дека сега вреди повеќе од ОпенАИ.

Мислите дека ВИ дава реални информации? Размислете повторно!

00:50

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми