1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети

ЖА /МИА
23 мај 2024

Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители е второосомничен за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, за кое првоосомничениот врховен судија Наќе Георгиев на 21 мај доби 30 дена притвор.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Северна Македонија
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Северна МакедонијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

По предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје денеска определи мерки за претпазливост за Иџет Мемети, второосомничен во  истрагата поврзана со примање награда  за противзаконито влијание во која е вклучен и  врховниот судија, Наке Георгиев.

Осомничениот, согласно одлуката на Кривичен суд, има обврска повремено да се јавува во судот, одземена му е патната и друга исправа за напуштање на државната граница и има забрана за издавање нова.

Во изјава за медиуми, осомничениот Мемети, денеска пред Кривичен суд рече дека е во сечиј интерес постапката да заврши што побрзо. 

„Од мој интерес, и од интерес на јавноста, е што побрзо органите да ја завршат својата работа. Ова секако како човек ме погодува, меѓутоа, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се води по судски пат. Ве уверувам дека многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека ништо незаконски не сум направил", изјави Мемети.

Во однос со релациите со врховниот судија Георгиев, тој рече дека ги познава сите судии и обвинители и со нив се дружи, но, дека не разговарал за предмети.

Претходно, Основниот кривичен суд му определи мерка притвор во траење од 30 дена на врховниот судија Наке Георгиев, поради постоење на сомневања дека може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми