1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој притиска да се качи цената на водата?

ДТЗ
2 март 2023

Откако до регулаторите пристигнале барања за зголемување на цената на водата и за 70%, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски бара тие да носат конечна одлука за цената на водата за да се избегне политизација

Марко Бислимоски
Фактот од којшто не можеме да бегаме е дека сите овие јавни комунални претпријатија во државата се превработени, вели Бислимоски.Фотографија: DW/K. Delimitov

По низата притисоци и барања да се зголеми цената на водата во Скопје, но и во неколку градови во внатрешноста на Македонија, Регулаторната комисија за енергетика бара тие да ја носат конечната одлука за цената на водата во сите водоводни претпријатија, со цел да се избегне политизација. На тој начин ова регулаторно тело би можело целосно да го преземе утврдувањето на цените на водата, по истиот терк како што е задолжено и за цената на струјата, парното и нафтените деривати. Во наредниот период РКЕ има надлежност да ги определува и цените за комуналниот отпад. 

Ваквото барање следи откако првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски алармираше дека одредени претпријатија во внатрешноста на земјата побарале покачување на цените на водата и за 70 проценти. Иако потребата за ваков енормен пораст на цените, тие ја образложуваат со зголемените трошоци за струја, од регулаторното тело посочија дека најголемиот проблем со којшто се соочуваа јавните претпријатија е превработеноста. Токму тоа, според Бислимоски отвара простор за сомнеж дека барањата за повисоки сметки за вода имаат поинаква цел. 

Нови тарифи за Скопје 

Најголема дилема се отвори деновиве околу барањето за поскапување на водата во главниот град. Регулаторна комисија за енергетика во четвртокот (2.03) пресече и предложи нова максимална и минимална тарифа за цената на водата во Скопје. Доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста. Одлуката ќе биде доставена до Водовод - Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена.

Бислимоски е дециден дека кога одлучуваат за трошоците кај комуналните претпријатија не ги признаваат неоправданите, односно ги признаваат исклучиво економски оправданите трошоци со цел граѓаните да плаќаат за трошоци коишто мора да ги има секое претпријатие.

„Притоа кога ќе ги носиме нашите одлуки во наредниот период ќе водиме сметка тие да бидат во рамките коишто ќе може да овозможат да не се политизира прашањето со цените на водните тарифи“, вели тој. 

Кој притиска да се качи цената на водата?Фотографија: DW

Притисок од превработеност 

Барања за промена на цената на водните услуги до Регулаторната комисија за енергетика доставиле и претпријатијата од Кочани, Ресен и Дебар за кои дополнително ќе одлучува Регулаторната комисија. Надлежните се свесни за зголемените трошоци за струја коишто ги имаат јавните претпријатија, но велат дека е време да се испрати сигнал кај овие комунални претпријатија да ја подобрат својата ефикасност.

„Не може целиот товар да го префрлиме кај граѓаните поради тоа што би се зголемила нивната цена за водни услуги. Секој треба да си преземе одговорност во целиот дел. Фактот од којшто не можеме да бегаме е дека сите овие јавни комунални претпријатија во државата се превработени, вели Бислимоски.

За споредба, во Електродистрибуција, компанија која што прави дистрибуција на електрична енергија во целата држава,  работат околу 1. 750 вработени, додека во водоводните претпријатија само во неколку града има неколкупати повеќе вработени.

„Јас ви гарантирам ако ги земеме петте најголеми града во државата во овие водоводни претпријатија работат околу 5. 300 до 4. 000 луѓе. Секој си определува колку се потребни, ама треба да се внимава. Ако може една дејност како што е дистрибуција на ниво на една цела држава да функционира со 1. 700 до 1.800 луѓе, потребно е кај јавните водоводни и комунални претпријатија да се подобри ефикасноста во работењето“, дециден е Бислимоски. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми