1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаУнгарија

Орбан бара од ЕУ да ја процени штетата на нафтоводот Дружба

ЕМФ / ртр
26 февруари 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предлага мисија на ЕУ за проценка на штетите на нафтоводот „Дружба“ во Украина, што би можело да помогне во деблокирање на ЕУ-средствата за Украина и новите санкции кон Русија.

Белгија Брисел 2025 | Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самит на ЕУ
Унгарија оваа недела ги блокираше новите санкции против Русија и заемот за Украина (фото: Виктор Орбан)Фотографија: Benoit Doppagne/BELGA/picture alliance

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска (26.02) побара од ЕУ „мисија за утврдување факти“ за да се процени штетата на нафтоводот „Дружба“ во Украина и сугерираше дека тоа би можело да помогне во деблокирањето на ЕУ-средствата за Украина, покажува писмо во кое увид имала агенцијата Ројтерс.

„Унгарија ја поддржува идејата за мисија за утврдување факти со учество на експерти делегирани од Унгарија и Словачка за да се потврди состојбата на нафтоводот ‘Дружба’“, пишува Орбан во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое увид имал Ројтерс.

Орбан наведува дека е свесен за политичките тешкотии предизвикани од одложувањето на големиот кредит на ЕУ за Украина. „Мојата иницијатива исто така има цел да го олесни навременото решавање на ова прашање“, се наведува во писмото.

Унгарија оваа недела ги блокираше новите санкции против Русија и заемот за Украина, како одговор на прекинот на испораките на нафта преку „Дружба“. Украина соопшти дека нафтоводот сè уште не е поправен по оштетувањата предизвикани од руски напади кон крајот на јануари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми