1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орбан попушти: ЕУ започнува пристапни преговори со Украина

Бернд Ригерт
15 декември 2023

Самитот на Европската унија го отвори патот за пристапни преговори со Украина и Молдавија - без експлицитна согласност на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Орбан мораше накратко да ја напушти салата за состаноци: тогаш се одржа гласањето
Унгарскиот премиер Орбан мораше накратко да ја напушти салата за состаноци: тогаш се одржа гласањетоФотографија: Yves Herman/REUTERS

Претседателот на Украина, која беше нападната од Русија, може да се радува. Вчера наутро, Володимир Зеленски уште еднаш страсно упати апел до учесниците на самитот на ЕУ да ги започнат пристапните преговори со неговата земја. Повикот до Европската унија да остане кредибилен и способен да дејствува чигледно имаше ефект. Рано вечерта, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, ја објави она што тој го смета за „историска одлука“: ЕУ ќе ги започне пристапните преговори со Украина и со Република Молдавија. Соседна Грузија доби кандидатски статус за пристапување. Босна и Херцеговина ќе биде петта од шесте земји од Западен Балкан која ќе може да ги започне пристапните преговори со ЕУ. „Оваа одлука е исклучително важна за веродостојноста на Унијата“, со олеснување изјави, Шарл Мишел пред новинарите.

Шарл Мишел, претседател на Советот на ЕУ: Ова е историска одлукаФотографија: Virginia Mayo/AP Photo/picture alliance

Унгарија попушти

Изненадувачки брзо, 26-те земји членки на ЕУ успеаја да ја одвратат 27-та земја членка, Унгарија, да стави вето на пристапните преговори со Украина. Неколку часа претходно, унгарскиот премиер Виктор Орбан категорично ја отфрли можноста за почеток на преговори со Украина, бидејќи Украина не исполни три од седумте услови и затоа, како што рече, нема за што да се преговара. Вечерта остана нејасно дали големиот политички притисок од другите шефови на држави и влади на ЕУ го натера да попушти или дали за ова придонесе фактот што Европската комисија еден ден претходно ослободи десет милијарди евра од буџетот на ЕУ за Унгарија. Пред една година, од владата во Будимпешта беа блокирани до 31 милијарда евра средства од ЕУ, бидејќи Унијата беше сериозно загрижена за недостатоците во правниот систем, како и за корупција во таа земја.

Рекордна брзина

Одлуката да се покани Украина на пристапни преговори е и историска бидејќи таа земја и нејзиниот мал сосед Молдавија сложениот процес го завршија за рекордно време - од поднесувањето на апликацијата до отворањето на преговорите, не поминаа ни две години.  Причината секако е рускиот напад, како и руските закани кон ЕУ. Канцеларот Олаф Шолц сакаше да се испрати јасен сигнал до рускиот владетел Владимир Путин дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина. Тоа и го доби.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски (лево) апелираше до Виктор Орбан (десно) на средба во Аргентина на почетокот на декемвриФотографија: Fernando Gens/dpa/picture alliance

Гласање без Орбан во салата

Пред самитот, дипломатите на ЕУ најавија дека Виктор Орбан - кој веќе неколкупати употреби ветото за да го одложи донесувањето одлуки - ќе биде „симнат од облаците на земја“. Очигледно, беше искористен дипломатски трик за да му се дозволи на Орбан да се повлече, а притоа да го спаси образот. Тој ја напушти просторијата кога другите 26 лидери гласаа за преговори со Украина. Одлуката затоа не е донесена 100 отсто едногласно, туку без ниту едно противење. Тоа е очигледно доволно според деловникот за работа на Европскиот совет. Според информациите на ДВ, тој необичен начин на гласање го предложил германскиот канцелар Олаф Шолц, кој тоа утро појадувал со Виктор Орбан за да ги истражи можностите за компромис.

Канцеларот Шолц: има ли дипломатски излез од унгарскиот ќорсокак?Фотографија: Hatim Kaghat/dpa/picture alliance

За Украина нема 50 милијарди

Скандал сепак се случи кога станува збор за финансиската помош од Европската унија за Украина. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во текот на ноќта ја блокираше исплатата на натамошната помош во износ од 50 милијарди евра. „Вето против дополнителни средства за Украина“, напиша шефот на унгарската влада на платформата Х.

Според информации од кругови на ЕУ, 27-те шефови на држави и влади на Унијата повторно ќе се осврнат на ова прашање во јануари. „Ќе се вратиме на прашањето на почетокот на следната година и ќе се обидеме да постигнеме едногласност“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. 

Приемот е сè уште далеку

Што се однесува до преговорите со Украина и Молдавија, тие нема веднаш да започнат. Според сегашните правила, прво ќе биде одреден датум за таканаречената меѓувладина конференција. Разговорите потоа официјално ќе започнат во 2024 година во присуство на кандидатите за пристап. А, тие можат да се развлечат. Преговорите со Турција се водат од 2005 година, но засега без резултати. Некои земји од Западен Балкан чекаат 20 години за влез во европскиот клуб.

Холандскиот премиер на почетокот на самитот рече дека ќе бидат потребни „многу години“ пред пристапувањето. Пред тоа, ЕУ мора да се реформира за да може да прифати голема земја разурната од војВојна во Украинана како Украина со нејзините 40 милиони жители. И процесите за донесување одлуки и буџетот би требало да бидат темелно ревидирани. „Не смееме сега да се вртиме во круг, мораме да ја завршиме домашната задача“, предупреди Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.

Овој текст првично беше објавен на ДВ на германски јазик

Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми