1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Александар Вулин се најде на црната листа на САД?

БГ /АФП
12 јули 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата изјави дека вистинската причина поради која шефот на српската тајна служба Александар Вулин се најде на црната листа на САД се неговите врски со Русија.

Александар Вулин
Александар Вулин, шефот на српската тајна служба, е обвинет за нелегална продажба на оружје, трговија со дрога и злоупотреба на службената должност.Фотографија: Valeriy Sharifulin/POOL/picture-alliance

САД во вторникот го ставија на листата на санкции Александар Вулин, шефот на српската тајна служба, обвинувајќи го за нелегална продажба на оружје, трговија со дрога и злоупотреба на службената должност.

Но српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека корупцијата не е вистинската причина за санкциите, туку неговата позиција кон Русија.

Американското министерство за финансии објави дека Вулин ја користел својата функција за да му помогне на српскиот дилер со оружје Слободан Тешиќ илегално да пренесува оружје преку српските граници. Вулин е обвинет и за вмешаност во трговија со дрога. 

„Санкциите кон Александар Вулин не се за некакво злосторство, корупција или слично. Санкциите се наметнати поради неговата позиција кон Руската федерација“, вели Вучиќ. Србија е кандидат за членство во ЕУ, но одржува блиски релации со Москва. 

Близок до Москва  

Вулин, кој е отворено про-руски настроен, беше именуван за шеф на тајната служба минатата година. Претходно беше министер за внатрешни работи. Од таа функција тој ја посети Москва во август минатата година, подвлекувајќи го на тој начин одбивањето на Србија да воведе санкции кон Русија поради инвазијата врз Украина. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека шефот на српската тајна служба Вулин е на црната листа на САД поради врските со Русија. Фотографија: AA/picture alliance

Вулин тогаш му порача на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека „Србија е единствената земја во Европа која не воведе санкции и дека не е дел од анти-руската хистерија“.

Оставката на Вулин е и едно од барањата на српската опозиција која со недели маршира на улиците по масовните убиства во земјата во мај годинава.

Портпаролот на Стејт Департментот, Метју Милер изјави дека САД „ќе продолжат да ги санкционираат оние кои туркаат сопствена политичка агенда и лична корист на сметка на мирот и стабилноста во Западниот Балкан и ги унапредуваат руските малигни активности во Србија и во регионот“. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми