1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Осаменоста како ново секојдневие

7 август 2025

„Како да најдам пријатели?“ е најчестото прашање што го добива еден германски инфлуенсер секој ден. Темата за осаменоста станува сè посериозна во Германија - и тоа со последици за демократијата.

Млада девојска се чувствува осамено
Германија: Осаменоста како ново секојдневиеФотографија: Zoonar/Imago

Пред три години, Феликс Вунике сфати дека ја погодил сржта на проблемот кај младите луѓе во Германија. Секогаш кога овој дипломиран психолог ќе објавил видео „како да најдете пријатели“ на својот ТикТок профил, неговите следбеници реагирале како по наредба. Тој за ДВ изјави:

„Дури во видеото и само да речев: испратете го ова видео до вашиот најдобар пријател, коментарот со најмногу лајкови секогаш би бил нешто како: 'Немам пријатели'. Во мојата многу млада заедница забележав дека многу луѓе се чувствуваат многу осамено, постојано се јавуваат луѓе кои тврдат дека навистина немаат пријатели. Тоа лично многу ме шокираше."

Феликс Вунике: Наједноставниот совет што секогаш го давам: заедничките интереси се социјално „лепило“Фотографија: Dieter Mayr

Според актуелната студија на Светската здравствена организација (СЗО),  секое шесто лице во светот е осамено-  и секој петти тинејџер. Додека возрасните потешко наоѓаат или задржуваат работа поради ова, младите луѓе имаат поголема веројатност дека ќе имаат полоши оценки.

Вунике, кој неодамна напиша прирачник наречен „Сè што треба да знаете за стекнување пријатели“, наведува две главни причини за овој тренд:

„Прво, Ковид и сè што пандемијата ни направи, и второ, социјалните мрежи. За мене е важно, и покрај сите позитивни аспекти, да предупредувам и за темната страна и опасностите, на тоа дека го забораваме реалниот живот. Ги гледаме приказните на Инстаграм за познаници, а го занемаруваме градењето пријателства во реалноста.“

Младите осамени луѓе се поподложни на авторитарни ставови

Клаудија Ној детално ги анализираше  младите луѓе кои се обраќаат кај Феликс Вунике за психолошки совети против осаменоста. Ној, која е социолог, ја водеше студијата „Екстремна осаменост“, која ја истражуваше врската помеѓу осаменоста и антидемократските ставови кај младите луѓе во  Германија.  Резултатите се загрижувачки:

„Особено младите луѓе на возраст меѓу 16 и 23 години се поподложни на теории на заговор и оправдување на политичко насилство. Важно е да се нагласи дека статистички наоѓаме врска, но сепак тоа не е причината. Не секој осамен човек е гласач на АфД, ниту секој гласач на АфД има покачено ниво на осаменост.“

Осамените луѓе често се цел на дискриминација

Во својата нова книга „Осаменост и огорченост“, Клаудија Ној се занимава со оваа тема, а нејзината теза е: кога луѓето чувствуваат дека ја изгубиле врската со општеството и реагираат огорчено,  ова е потенцијал што може да ја загрози демократијата.  Осамените луѓе се првите жртви - тие доживуваат дискриминација многу почесто од оние кои не се осамени.

Клаудија Ној: Осамените луѓе честопати не можат да воспостават социјални врски и пријателства со другите Фотографија: privat

„Тие постојано доживуваат отфрлање, да речеме на вечерни забави со скара, каде што не среќаваат никого и се враќаат дома сами. Овој вид отфрлање може да предизвика огорченост. Тука лежи јадрото на потиснатото негодување: лицето доживува страдање за кое верува дека му е неправедно нанесено, но не може да го остави зад себе, сѐ повеќе се внесува во тоа, ги обвинува другите и на крајот станува огорчено.“

Местото на живеење влијае на чувството на осаменост

Клаудија Ној е раководител на Катедрата за социологија на руралните средини на универзитетите во Гетинген и Касел речиси десет години. На оние кои се прашуваат каква врска има овој истражувачки фокус со осаменоста, Ној вели - многу голема. Бидејќи состојбата со домувањето, локацијата и условите за живот можат да бидат предизвикувачи на осаменост. Луѓето се упатени на средби и комуникација.

Дали Грција е најосаменото општество во Европа?

01:26

This browser does not support the video element.

„Ако има недостаток на можности за средби, ако најблискиот парк, зелен простор или место за активности за слободно време е на повеќе од 20 минути пешачење од станот, ризикот од осаменост е значително поголем.“ Покрај тоа, Ној за ДВ вели, дека хронично осамените луѓе го доживуваат просторот поинаку:

„Тие ја гледаат својата околина како потемна и понебезбедна, не се чувствуваат многу пријатно - и во јавниот и во приватниот простор. Тие исто така не се особено убедени дека нивната заедница може добро да функционира “, заклучува Ној.

Луѓето во средните години се често поосамени од пензионерите

Досега, научниците и експертите се согласни барем за една точка: пензионерите се исто така изложени на поголем ризик од осаменост. Можеби починал нивниот животен партнер, можеби починале и пријателите, а нивното семејство може да е распространето низ цела Германија.

Но, неодамнешната студија на Германскиот центар за геронтологија прикажува понијансирана слика. Според студијата,  луѓето на возраст меѓу 43 и 65 години се чувствуваат поосамени отколку во старост. Германската сојузна министерка за семејни прашања Карин Прин вели: „Осаменоста не ги погодува само постарите луѓе - таа е исто така широко распространета во средните години, честопати невидлива и потценета“.

Штефан Штут: Приближно секое единаесетто лице во втората половина од животот е многу осаменоФотографија: DZA

Штефан Штут е коавтор на анкетата насловена како „Осаменост во втората половина од животот“. Тој за ДВ изјави: „Претходните студии со претходните генерации навистина покажаа дека повисоката возраст е поврзана и со поголема осаменост. Ова сега се промени низ генерациите. На возраст за пензионирање, нормата дека некој мора да биде вработен повеќе не важи. Повеќе нема стигма што води до психолошки стрес“.

Богатството и сиромаштијата се клучни фактори за осаменост

Спротивно на тоа, ова ниво на страдање го чувствуваат луѓето во средните години кои не се вработени. Срамот од невработеноста, заедно со недостатокот на работа со која човек би се идентификувал, може да ги доведе луѓето во повеќе или помалку самонаметната социјална изолација, објаснува научникот од Германскиот центар за геронтологија. Сепак, најголемо влијание врз осаменоста има богатството или сиромаштијата.

„Колку е помал приходот на домаќинството, толку е поголема осаменоста. Оние со ниски приходи и малку финансиски ресурси имаат помалку можности да учествуваат во општествениот живот. Ова, пак, промовира социјална изолација. На ова се додава субјективната проценка на сопствената приходна состојба, што има негативно влијание врз психолошката благосостојба.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми