1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФилмГлобално

Оскар 2023: Девет номинации за филмот „На Запад ништо ново“

Кристина Рајман
25 јануари 2023

Германската антивоена драма „На Запад ништо ново“ и научно-фантастичниот филм „Се` во исто време“ се во конкуренција за Оскар за најдобар филм. Свеченото доделување ќе биде на 12 март во Лос Анџелес.

Сцена од филмот „На Запад ништо ново“ номиниран за Оскар
Сцена од филмот „На Запад ништо ново“ номиниран за ОскарФотографија: Netflix/Zumapress/picture alliance

Филмската академија во Лос Анџелес ги објави номинациите за годинешните награди Оскар. Научно фантастичниот филм „Се` во исто време“ (Everything Everywhere All at Once) на Ден Кван и Даниел Шајнерт со вкупно единаесет номинации е можеби најсилен кандидат за Оскар. Во најважната категорија, Оскар за најдобар филм, се натпреваруваат и делата: „На Запад ништо ново“, „Аватар: Патот на водата“, „Духови на островот“, „Елвис“, „Фабелманови“, „Тар“, „Топ ган: Маверик“, „Триаголник на тагата“ и „Жени зборуваат“.

Германската антивоена драма „На Запад ништо ново“, продукција на Нетфликс во режија на Едвард Бергер, е номинирана за дури девет Оскари меѓу кои и за најдобар филм и за најдобар меѓународен филм, најдобра камера и најдобро адаптирано сценарио.

И ирската трагикомедија „Духови на островот“ е номинирана во девет категории, филмот „Елвис“ во осум, а филмот на Стивен Спилберг „Фабелманови“ во седум категории.

Во конкуренција за најдобра режија се Тод Филд („Тар“), Дан Кван и Даниел Шајнерт („Се` во исто време“), Мартин Мекдона („Духови на островот“), Рубен Естлунд („Триаголник на тагата“) и Стивен Спилберг („Фабелманови“).

На златниот трофеј можат да се надеваат и Кејт Бланшет, Ана де Армас,
Мишел Јео, Мишел Вилијамс и Андреа Рајзборо, номинирани во категоријата за најдобра актерка, како и Остин Батлер, Колин Фарел, Брендан Фрејзер, Пол Мескал  и Бил Наји во категоријата најдобар актер.

Свеченото доделување на Оскарите е закажано за 12 март во Лос Анџелес.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми