1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФилмГлобално

Оскари 2023: „Се`, секаде, одеднаш“ ги пожнеа наградите

ЖА / агенции
13 март 2023

Филмот „Се`, секаде, одеднаш“ е големиот победник на вечерта, освои седум од 11-те Оскари за кои беше номиниран. Како прва Азијка, Мишел Јео освои Оскар за најдобра актерка.

„Се`, секаде, одеднаш“ - најдобар филм на 95. издание на Оскарите
„Се`, секаде, одеднаш“ - најдобар филм на 95. издание на ОскаритеФотографија: Chris Pizzello/Invision/AP/picture alliance

Научно фантастичниот филм „Се`, секаде, одеднаш“ ги пожнеа признанијата во категориите најдобар филм, режија и оригинално сценарио (Даниел Кван и Даниел Шајнерт), најдобра актерка (Мишел Јео) и споредна женска улога (Џејми Ли Кертис), споредна машка улога (Ке Хуи Кван) и најдобра монтажа (Пол Роџерс).

60-годишната актерка од Малезија, Мишел Јео воедно е и прва актерка со азиско потекло која добила Оскар за најдобра женска улога. „И` благодарам на Академијата, овде се случи нешто историско. Ова е доказ дека можете да сонувате големи нешта и дека соништата навистина се остваруваат “, изјави таа.

Мишел Јео воедно е прва актерка со азиско потекло која добила Оскар за најдобра женска улогаФотографија: Carlos Barria/REUTERS

Филмот е приказна за Евелин Ванг, имигрантка од Кина, која работи во перална и одеднаш се наоѓа во повеќе паралелни универзуми.

Брендан Фрејзер е прогласен за најдобар актер за улогата на дебел хомосексуалец во филмот „Кит“. Фрејзер со години, по бројни лични проблеми и удари на судбината, се имаше речиси повлечено од филмскиот свет.

Многумина филмски критичари сметаа дека Фрејзер нема да може да се избори во конкуренцијата со ирскиот актер Колин Фарел, кој важеше за фаворит, но Холивуд секогаш приредува изненадувања.

Спектакуларно филмско враќање на Брендан Фрејзер - Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кит“Фотографија: Patrick T. Fallon/AFP/Getty Images

Филмот „На Запад ништо ново“ доби четири Оскари, повеќе од било кој германски филм во историјата.

Филмот „На Запад ништо ново“ освои четири ОскариФотографија: Patrick T. Fallon/AFP/Getty Images

Воениот спектакл, работен според познатиот роман на Ерих Мариа Ремарк, во режија на Едвард Бергер, награден е како најдобар филм надвор од англиското јазично подрачје, а се закити со најпрестижното признание и за фотографија, сценографија и филмска музика.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми