1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи: ДУИ е стабилна, нема раздор во партијата

ДТЗ
26 септември 2022

Ахмети го кажа последниот збор и тука завршуваат сите дебати за раздор во ДУИ, вели шефот на македонската дипломатија за превирањата во албанскиот политички блок.

Бујар Османи Северна Македонија
Османи е дециден дека Ахмети и ДУИ се фактор на политичка стабилност веќе 20 години Фотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Шефот на македонската дипломатија, еден од најистакнатите членови во раководството на ДУИ, Бујар Османи вели дека се глупости, шпекулација и лажна вест информациите дека е понудена негова оставка за да се смири незадоволството кај сопартијците и дека постои раздор во најголемата албанска партија, која што е дел од власта.

„ДУИ е партија со голема внатрешна демократија, но на крајот сепак, последниот збор го има лидерот Али Ахмети. А тој вчера го кажа своето“, уверува Османи, откако во јавноста се појавија информации за превирања во партијата и незадоволство на дел од членовите, кои го соопштија тоа и преку писмо во саботата (24.09). Дел од информациите посочуваа и дека е понудена оставка на Османи, за да се смири топката. 

„Тоа се глупости, кои не заслужуваат коментар“ - порача Османи на денешниот (26.09) брифинг со новинарите. 

Османи е дециден дека Ахмети и ДУИ се фактор на политичка стабилноствеќе 20 години и гарант на евроатлантскиот курс на државата, па, според него, разбирливо е да има обиди за напади и дезинформации во јавноста. „ДУИ е стабилна политичка структура, во која имало бројни осцилации кои ги има надминато во поглед на стабилноста на партијата и на државата“, вели Османи, кој не очекува понатамошни бранувања во партијата. 

Истакнати членови на ДУИ преку јавно писмо побараа од лидерот Ахмети да го врати партиското единство и го обвинија Артан Груби дека сам одлучувал за кадровските поставувањаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Кој ќе го има последниот збор? 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов, коментирајќи го писмото на високи сегашни и поранешни функционери во кое се искажува незадоволство од Артан Груби, рече дека партијата има воспоставено стабилни структури со силна база, кои можат да функционираат без секого.  

„Без сомневање, ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Изет Меџити. Ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка. За 20 години има инвестирано во кадарот на партијата. Советот и Конгресот се функционални, за анархија нема место“, изјави Ахмети.

Османи смета дека по ваквата порака на Ахмети, кој го има последниот збор, завршуваат сите дебати во ДУИ, по што секој од членовите продолжуваат со своите ангажмани. „Јас не би можел ништо да додадам повеќе“, рече Османи.

Истакнати членови на ДУИ преку јавно писмо побараа од лидерот Ахмети да го врати партиското единство. Тие го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека се однесувал дилетантски, со што придонел кон револт и пасивност на гласачкото тело, а тоа пак резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово. Како потписници на писмото се наведени Муса Џафери, Блерим Беџети, Невзат Бејта, Изет Меџити, Висар Ганиу, Башким Хасани и други.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми