1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евакуирани последните македонски државјани од Газа

ДТЗ
14 ноември 2023

Сопружници од Македонија, за кои подолго време се правеа обиди да бидат извлечени, ја напуштија Газа и се наоѓаат во Каиро, по што ќе бидат вратени дома.

Бујар Османи
Евакуирани последните македонски државјани од ГазаФотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Заврши евакуацијата и на последните македонски државјани од ризичните зони во Појасот Газа. Сопружници од Македонија, за кои подолго време се правеа обиди да бидат извлечени, ја напуштија Газа и се наоѓаат во Каиро. Веста ја соопшти шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

„Одлична вест, тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив! Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро и наскоро ќе бидат упатени кон дома“, објави министерот за надворешни работи на Фејсбук.

Османи се заблагодари на професионалноста на вршителите на должност во амбасадите во Тел Авив и Каиро, кои, како што вели, вложиле извонредни напори во постојаната комуникација со надлежните институции на Египет и Израел. 

Десетици евакуирани досега 

На почетокот  на ноември од Газа во Каиро беше евакуиран татко со две деца, а со нив во земјата пристигна и мајката која што е од Палестина. 

Изминатиот период десетици македонски граѓани беа евакуирани од кризните региони во Израел, од кои дел со чартер лет на 13 октомври се вратија дома, по ескалацијата на ситуацијата во Појасот Газа и постојаните ракетни напади. Дел од македонските државјани го напуштија и Тел Авив и се вратија дома.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми