1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи со „фер понуда“ до Мицкоски за уставните измени

ДТЗ
24 октомври 2023

Понудата на Османи следи откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски предложи парламентарните и претседателските избори да се одржат напролет меѓу двата големи верски празници.

Бујар Османи
Османи со понуда до Мицкоски: Прво гласање за уставните измени, па термин за избори Фотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Шефот на дипломатијата, од редовите на ДУИ, Бујар Османи, испрати понуда до опозициската ВМРО-ДПМНЕ - ако ги изгласаат уставните измени, ќе им се остави простор тие да одлучат кога ќе бидат изборитe. Османи вели дека станува збор за фер понуда. 

„Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите кога и да сакаат, денеска, утре, задутре, веднаш после изгласување на уставните измени“, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање на годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во Скопје.

Понудата на Османи следи откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложи парламентарните и претседателските избори да се одржат напролет меѓу двата големи верски празници. 

„Оваа влада преку одбегнување да се договори датум за избори оди кон свесно предизвикување на уставна и политичка криза. Срамота е што преку медиуми се договараваме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам кога велат дека Ковачевски никој не го слуша во Владата, зошто ниту министрите, ниту вицепремиерите, а ниту кај него во партија му имаат почит. Нека земе бел лист хартија нека напише кој било датум меѓу двата најголеми верски празници идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот“, рече Мицкоски.

Што ако не се изгласаат уставните измени?

Доколку не се изгласаат уставните измени и ВМРО-ДПМНЕ опстои на својот став, тогаш, според Османи, остануваат редовните термини.

„Во тој случај мислам дека редовните термини треба да бидат земени предвид. Нека ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат за денот на избори, кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори. Дали ќе бидат заедно дали ќе бидат одвоено, е веќе прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии да најдеме одреден консензус“, вели Османи. 

Лицитацијата со датуми меѓу партиите кога да се одржат изборите идната година трае веќе подолго време. Фотографија: Petr Stojanovski /DW

Лицитација со датуми

Партиите веќе подолго време лицитираат со датуми кога да се одржат изборите идната година. 

Мицкоски најпрво предложи вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се одржат на ист ден, односно на 8 мај. Потоа се согласи изборите да бидат редовни и најави дека се подготвени да учествуваат во работните групи коишто ќе треба да го утврдат датумот за одржување на изборите во 2024 година. 

„Еве им признавам дека победија, нема предвремени избори, редовни ќе бидат изборите. Како што ќе каже Ковачевски за датум и ден, само нека се сретнат работните групи и нека разговараат. Што ќе предложат, тоа ќе разговараме“, порача на 20 октомври лидерот на опозициската партија при посетата на Гази Баба. 

Според премиерот Димитар Ковачевски, термините на одржување на редовните претседателски избори, како и за редовните парламентарните избори,  треба да бидат предмет на дискусија меѓу сите партии, а не само меѓу две. 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите на почетокот на октомври рече дека нема пречка да се свика лидерска средба доколку има волја од самите лидери на политичките партии. Што се однесува до законските рокови за избори, Џафери најави дека најраниот рок за парламентарни избори е 5 мај, додека за претседателските избори 14 март. За да има редовни заеднички избори, тие мора да се одржат од 5 до 8 мај.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми