1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Оштетена браната Каховка: Евакуација на илјадници луѓе

ЕМФ | агенции | Тагесшау
6 јуни 2023

Украина ја обвинува Русија за уништување на браната на реката Дњепар во близина на Херсон. Властите предупредуваат од поплави. Русија, од друга страна, ја обвинува Украина за оштетувањето на браната.

Сателитска снимка на браната Каховка
Сателитска снимка на браната КаховкаФотографија: Maxar Technologies/REUTERS

Русија, според наводи на украинските власти, разнела важна брана на реката Дњепар, во областа Херсон, во јужна Украина. Украинските власти ги предупредија луѓето кои живеат по подолниот тек на реката од опасност од поплави и ги повикаа да се подготват за евакуација. Според украинското Министерство за внатрешни работи, погодени се жители на десет села и делови од градот Херсон. Онлајн медиумот „Киев индепендент“ на Твитер објави слики од уништена брана и големи поплави.

Украина: „Уште еден терористички чин на Русија“ 

Шефот на украинската регионална воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, во видео објавено на Телеграм изјави дека Русија извршила уште еден терористички чин. Тој предупреди дека нивото на водата на Дњепар би можело да достигне критично ниво во следните неколку часа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност, објави на Твитер секретарот на Советот, Олексеј Данилов.

Русија негира дека е одговорна 

Руските окупаторски власти, пак, обвинуваат дека украинско гранатирање е виновно за оштетувањето на браната Каховка. „Нивото на водата е подигнато“, изјави градоначалникот на Нова Каховка, именуван од Москва, Владимир Леонтиев, а пренесуваат руските државни новински агенции. Сепак, според него, засега нема потреба од евакуација на цивили.

Информациите обезбедени од двете страни засега немаат потврда од независни извори. Украинскиот претседател Зеленски уште во октомври минатата година ја обвини Русија дека ја минирала браната и ја предупреди да не ја крева во воздух: „Ако го сторат тоа, ќе има катастрофа“, рече тогаш Зеленски.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми