1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Кој стои зад протекувањето на тајните документи на Пентагон?

СН/агенции
13 април 2023

Како купишта строго доверливи документи на американските тајни служби едноставно завршија на интернет? Весникот Вашингтон пост сега јавува дека го знае одговорот.

Во Пентагон вклучен алармот за тревога по протекувањето на доверливите документи на интернет
Во Пентагон вклучен алармот за тревога по протекувањето на доверливите документи на интернетФотографија: Andy Dunaway/US Air Force/dpa/picture alliance

Лицето одговорно за објавувањето на доверливите американски документи, поради што започна истрагата за националната безбедност, е 20-годишен љубител на оружје, кој работел во воена база, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на членовите на социјалната мрежа Дискорд.

Според извештајот на американскиот весник, лицето ги споделило доверливите информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои споделуваат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Вашингтон пост извештајот, во кој не го именуваше лицето, го засновал на разговор со двајца членови од групата на Дискорд, а британската агенција наведува дека не можела независно да ги потврди презентираните детали.

Логото на социјалната мрежа ДискордФотографија: picture-alliance/dpa/F. Sommer

Лицето, според сведочењето, се претставувало на мрежата како „припадник на старата школа“, додека еден од изворите на Пост го опишал како некој кој е во раните или средни 20 години, а кој бил пример за другите членови на групата.

„Тој е во форма. Силен е. Вооружен. Обучен. Тој е речиси сè што би очекувале од некој луд филм“, изјавил еден од членовите, кој е под 18 години и зборувал под услов да остане анонимен, со дозвола на неговата мајка, објави Вашингтон пост.

Дискорд во соопштението во средата наведе дека соработува со американските власти, откако американското Министерство за правда започна официјална кривична истрага минатата недела.

Пентагон, кој го започна случајот, во моментов ја проценува штетата предизвикана од можеби најштетното објавување доверливи американски информации во последниве години.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми