1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Отворена истрага и барање за притвор за судијата Георгиев

ЕМФ | МИА
21 мај 2024

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за истражна постапка против две лица поради основано сомнение за „примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик“.

Северна Македонија Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција
ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против две лицаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Наредбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за истрага е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во обвинителството.

„Вчера, во попладневните часови, МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик“, стои во денешното соопштение од ЈО.

Во соопштението се вели и дека „според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание, лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот“.

„Предметниот обвинител, вчеравечер, покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје, достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ, кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка“, дополнуваат од ЈО.

Прибраните докази и извршените претреси, како што стои во соопштението, до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот, кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување.

Во текот на ноќта, Судскиот совет на Република Северна Македонија на итна седница одлучи да му го одземе имунитетот на судијата на Врховниот суд, Наке Георгиев и да одобри мерка притвор за него. Седницата на Судскиот совет се одржа по барање на Основниот кривичен суд Скопје, бидејќи според член 36 од Законот за Судскиот совет ова тело има надлежност да одлучува за одземање на имунитет на судија, и за одобрување на притвор на судија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми