1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Амнестирани обвинетите организатори на упадот од 27 април

ДТЗ /МИА
23 јануари 2025

По шест години од судскиот процес за упадот во Собранието на 27 април, Кривичниот суд ги амнестираше обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски.

упад во Собрание, 27 април 2017
Падна предметот за ,Организаторите на 27 април” - амнестија за Јанакиески, Вељановски, Ристески и АтанасовскиФотографија: Reuters/O. Teofilovski

Падна предметот за „Организаторите на 27 април”. По шест години од процесот, Кривичниот суд во Скопје ги амнестираше обвинетите ексминистри Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор  на УБК, Владимир Атанасовски. 

Одлуката е донесена по барање за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“. Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за загрозување на уставниот поредок на Северна Македонија. 

„Можете да си одите, слободни сте“, им порача судијата Илија Трпков на обвинетите. Адвокатите на обвинетите сметаат дека по шест години, судот ја донел единствената можна одлука да ги амнестира, бидејќи не се докажало дека тие се организаторите. Посочи дека органите требало да спроведат темелна истрага и да откријат кој навистина го организирал упадот во Собранието коешто се случи на 27 април 2017 година. 

Второ судење 

Станува збор за второ судење за предметот „Организатори на 27 април“. Првото судење заврши во јули 2021 година, кога Вељановски беше неправосилно осуден на 6,5 години затвор, а затворски казни добија и другите осомничени. Но, Апелацискиот суд во Скопје минатата година ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.

„Уривањето на Собранието е уривање на државата. Лично и како Совет се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот со Законот за амнестија беше да не се амнестираат организаторите, но секогаш има едно ’но’. И Јавното обвинителство и Апелацискиот суд одлучувале дека тројцата обвинети не постапиле спротивно од овластувањата“, вели судијата Трпков. 

Според него, „на крајот ќе излезе дека обвинетите за 27 април сами се организирале и влегле да кршат воСобрание“.

„Тоа им е јасно на сите и на осудените во затворите дека тоа не е можно. Дека не е можно да се пробие полициски кордон на спортски натпревари, а не во Собрание. Но, некој побара од државата да биде амнестиран. Јас лично сметав дека обвинетите ќе одат до крај и ќе го докажат дека не се вмешани, но тоа е нивна одлука и треба да се почитува“, изјави Трпков. 

Според него, кршењето на законодавниот дом и тепањето национални претставници не може да се каже дека е патриотски чин. „Таквото постапување не е патриотско. Најголемиот дел од осудените за овие случаи убеден сум дека се патриоти, и сигурен сум дека со одлуката што следи ќе предизвика остри чувства. И пораката за нив е наведнете ја главата и побарајте прошка од државата како што го направија овие тука. Не дозволувајте некој повторно да ве манипулира. Државата се сака со дела“, порача судијата. 

Четворицата беа обвинети дека на 27 април 2017 година организирале непречено влегување на народните толпи во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување на насилство. Наводите на судот беа дека во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Јанакиески и Ристовски наводно континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и од другите градови, за во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието.  

Помирување, а не амнестија

01:05

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми