5 октомври 2024
Реклама
Последниот работен ден пред пензија, е последен ден на самостојност во животот на Радмила. Оттогаш грижата и негата за неа се одговорност на семејството и нејзините блиски. Ќерката Јасна Апостолски - Николов вели:
„Кога ќе се соочиш со проблем на близок член во фамилијата всушност се запознаваш со некој подолгорочен процес на нега, на поддршка и навистина некој треба да те води во цел тој процес иако ние сме во фамилијата здравствени работници, сепак не бевме запознаени со оваа проблематика.“
Поддршка на семејството на Радмила е здружението „Палиум“, кое ги води низ процесот на живот со палијативен пациент.
Како изгледа таа поддршка и какви цели има пациентката Радмила Апостолски, погледнете во видеото.