1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаГлобално

Папата Франциско ја воведе Светата 2025-та година

ЕМФ | агенции
25 декември 2024

Да се носи надеж во светот - им порача папата Франциско на верниците за време на традиционалната божиќна миса. Желба која ќе ѝ даде печат и на Светата година 2025.

Ватикан света година папа Франциско
88-годишниот папа беше донесен во инвалидска количка пред огромната врата, заклучена одвнатре, која се отвори по неговото тропањеФотографија: Alberto Pezzoli/via REUTERS

Папата Франциско вчеравечер ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар, воведувајќи ја Светата 2025-та година. 88-годишниот папа беше донесен во инвалидска количка пред огромната врата, заклучена одвнатре, која се отвори по неговото тропање. По церемонијата, папата Францискослужеше божиќна миса. Во својата проповед папата потсети на „војните, на децата застрелани со автоматско оружје, бомбите во училиштата или болниците“.

Во текот на изминатиот викенд, Израел изрази бес поради изјавите на папата, кој зборуваше за „ужасноста“ на смртта на децата во израелските напади на Појасот Газа.

За Светата година под мотото „Аџии на надежта“, Франциско рече: „Го преминуваме прагот на овој свет храм и влегуваме во време на милост и простување, за на секој маж и жена да им се отвори патот на надежта што не разочарува“.

Светите порти се врати кои се затворени во периодот кога не се светите години. Според Ватиканскиот декрет за гревовите, секој што ќе помине низ овие порти како аџија може да добие простување на времената казна за гревовите во чистилиштето.

Во календарот на поглаварот на Римокатоличката црква до 5 јануари има вкупно пет вакви отворања на свети порти, а во четврток првпат ќе има и отворање на Света порта во затвор. Католичката црква од 15 век наваму ја слави таканаречената редовна Света година на секои 25 години. За прославата на Светата година во Рим се очекуваат повеќе од 30 милиони аџии.

Денеска напладне (25.12.), папата Франциско го има своето официјално божиќно обраќање во базиликата Свети Петар. Притоа тој обично повикува на мир во светот и крај на војните и конфликтите. Поглаварот на Римокатоличката црква потоа го дава традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (за градот и светот), кој се дава само на Божик и Велигден.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми