1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаГлобално

Папата повика на мир

ЕМФ | агенции
25 декември 2023

Со божиќната миса, во Ватикан почна прославата на Божик. Со оглед на воојните на Блискиот Исток и во Украина, папата Франциско повика на мир.

Папата Франциско за време на божиќната миса во Ватикан
Папата Франциско за време на божиќната миса во ВатиканФотографија: Gregorio Borgia/AP Photo/picture alliance

Папата Франциско ја искористи божиќната миса во базиликата Свети Петар за да упати итен апел за мир во светот. Поглаварот на Римокатоличката црква вчеравечер (23.12) потсети на божиќната порака: „Мир на луѓето на Земјата“.

Во врска со војната на Блискиот Исток, папата додаде: „Нашите срца вечерва се во Витлеем, каде Принцот на мирот повторно е отфрлен од логиката на војната осудена на пропаст, од буката на оружјето.“

Во молитвата пред околу 6500 верници, папата не ги спомна ниту Израел ниту Појасот Газа, но зборуваше многу за насилството и војната. Бог не ја победува неправдата „одозгора со насилство, туку одоздола со љубов“, опомена тој.

Денеска папата Франциско од балконот на базиликата Свети Петар ќе го даде благословот „Урби ет Орби“ (за градот и светот, н.з.)

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми