1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаУнгарија

Папата во Будимпешта: Осуда за национализмот и апел до ЕУ

СН/агенции
28 април 2023

Папата Франциско ја започна својата посета на Унгарија со централно обраќање пред политичките претставници на земјата. Од една страна тој го осуди национализмот, а од друга предупреди на премногу хомогена ЕУ.

Папата Франциско беше пречекан од бројни верници на аеродромот во Будимпешта
Папата Франциско беше пречекан од бројни верници на аеродромот во БудимпештаФотографија: Vincenzo Pinto/AFP/Getty Images

Папата Франциско го осуди национализмот во Унгарија и потсети на мировната важност на заедничката европска политика. „Генерално, се чини дека ентузијазмот за градење мирна и стабилна заедница на нации стивна“, рече тој на средбата со политичари, претставници на граѓанското општество и дипломати денеска во Будимпешта. Истовремено, беа дефинирани зони на влијание, истакнати разликите, заострени предрасудите кон другите и повторно разгореа национализмите. Човек има впечаток дека „присуствува на тажната пропаст на заедничкиот сон за мир, додека осамените поборници на војната добиваат во простор“, рече поглаварот на римокатоличката црква.

На состанокот во поранешниот кармелитски манастир во Будимпешта, официјалната резиденција на национал-конзервативниот премиер Виктор Орбан, Франциско се спротивстави на остварувањето на некои стратешки интереси во меѓународната политика. Мирот доаѓа од „типовите на политика кои се способни да ја земат предвид целината, развојот на сите“.

Папата ќе претстојува три дена во БудимпештаФотографија: Vincenzo Pinto/AFP/Getty Images

Папата потсети на фундаменталните цели на Европската унија: „Да се ​​обединат оние што се далеку, да се пречекаат луѓето внатре и никој да не биде оставен засекогаш како непријател“. Но, кога, како што рече, помислува на ужалената Украина, се прашува каде отидоа соодветните напори за мир.

Папата Франциско допатува рано утрината во тридневна посета на Унгарија.  86-годишниот аргентински папа ќе биде само во Будимпешта за време на посетата, со оглед на неговото кревко здравје еден месец откако беше хоспитализиран поради бронхитис.

Папата пристигна во главниот град на Унгарија каде главните улици се затворени со денови како дел од големата безбедносна операција поради посетата.

Унгарскиот премиер, Виктор кој е на власт од 2010 година, редовно употребува антимиграциска реторика во одбрана на „христијанска Европа“.

Ова е во спротивност со добредојдениот однос на Папата за оние кои бегаат од војна и сиромаштија.

За време на аудиенцијата минатата година во Ватикан, Франциско му се заблагодари на Орбан за фактот што Унгарија ги прими Украинците кои бегаат од војната.

Дечиња во традиционални облеки го пречекаа папата Франциско на аеродромот во БудимпештаФотографија: Vincenzo Pinto/AFP/Getty Images

Пет месеци пред руската инвазија на Украина, Папата присуствуваше на седумчасовна посета на меѓународен верски настан во Будимпешта, кога вети дека ќе се врати во земјата каде 39 отсто од населението се католици.

Папата во неделата рече дека доаѓа „како аџија, пријател и брат на сите“, а властите во Унгарија нагласија дека неговата посета „не е политички настан“.

Денеска попладне, Папата ќе се сретне со локалните епископи и свештенството во базиликата Свети Стефан, каде неговиот говор ќе се пренесува во живо на огромни екрани на плоштадот.

Во сабота, Папата - кој во неколку наврати повика на мир во Украина, а чии обиди да посредува во конфликтот досега не вродија со плод - исто така, ќе се сретне и со украинските бегалци.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми