1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партијата ГЕРБ на Борисов води на изборите во Бугарија

ЖА / агенции
3 октомври 2022

На четвртите парламентарни избори во рок од 18 месеци, ГЕРБ на екс-премиерот Бојко Борисов е најсилна политичка партија. Формирањето влада ќе биде тешко.

ГЕРБ на Бојко Борисов - најсилна политичка сила по изборите во Бугарија
ГЕРБ на Бојко Борисов - најсилна политичка сила по изборите во БугаријаФотографија: Visar Kryeziu/AP/dpa/picture alliance

Конзервативната партија на бугарскиот поранешен премиер Бојко Борисов е во водство по одржаните  парламентарни избори во Бугарија.  Според нецелосните резултати, партијата ГЕРБ на Борисов освоила околу 25 проценти од гласовите, додека на новооснованата партија Продолжуваме со промени на во јуни  соборениот либерален премиер Кирил Петков, доверба и` дале околу 20 насто од избирачите.

Петков синоќа го призна поразот, но исклучи можност за коалицирање со ГЕРБ.

Тешко до нова влада

По затворањето на гласачките места, Борисов најави отвореност за разговори со „сите партии“. Потенцијален кандидат за 63-годишниот екс-премиер би била партијата на турското малцинство, Движење за права и слободи, која доби околу 15 проценти гласови.

Националистичката партија „Преродба” ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори и доби 10,0 отсто, Бугарската социјалистичка партија – 8,9 проценти „Демократска Бугарија” на Христо Иванов – 7, 0 отсто. Во бугарскиот парламент ќе влезат веројатно осум партии, но не се наѕира јасна коалиција.

Екс премиерот Кирил Петков го призна изборниот поразФотографија: DIMITAR KYOSEMARLIEV/AFP/Getty Images

Трите партии на последната владејачка коалиција од Продолжуваме со промени, Социјалистите и конзервативно-либерално зелениот сојуз ДБ би стигнале заедно до околу 37 проценти гласови.  До формирањето влада, земјата ќе ја предводи преоден кабинет.

Четврти избори во Бугарија за две години

03:22

This browser does not support the video element.

Четврти избори во една и пол година

Бугарите вчера гласаа  четврти пат во рок од 18 месеци  за  избор на парламент.  Во јуни владата на Петков беше соборена по само седум месеци на функцијата по изгласаната недоверба.

Излезноста на изборите, според Институтот за истражување на јавното мислење Галуп Интернационал Балкан при затворањето на гласачките места била околу 35 проценти.

Во текот на изборната борба во најсиромашната членка на ЕУ доминираше војната во Украина и неизвесните испораки на гас. Бугарија ја врзуваат тесни историски и културни врски со Москва, а инвазијата на Русија врз Украина предизвика длабоки поделби во земјата со 6,5 милиони жители. Додека Борисов се обидува да не ги загрози односите ни со ЕУ, ниту со Русија и Турција, Петков во изборната кампања демонстрираше јасен проевропски став.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми