1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Партијата на Бени Ганц бара нови избори во Израел

ЖА
30 мај 2024

Партијата на Бени Ганц, министер во воениот кабинет на Израел, денеска поднесла барање за распуштање на парламентот.

 Бени Ганц, министер во воениот кабинет на Израел
Бени Ганц, министер во воениот кабинет на ИзраелФотографија: Abir Sultan/Pool/AP/picture alliance

Како што јавуваат медиумите, партијата на Бени Ганц, министер во израелскиот воен кабинет, денеска (четврток) доставила барање за распуштање на парламентот, но чекорот во правец на нови избори се оценува како симболички.

Ганц побара одржување на нови избори уште во септември. Освен тоа, на  десно-конзервативниот премиер Бенјамин Нетанјаху  му постави ултиматум – се закани дека ќе замине од кабинетот доколку до 8 јуни не биде поднесен план за поствоеното уредување во Појасот Газа. Беше најавено дека овој чекор би го следеле и други членови од неговата партија Национална унија.

По терористичкиот напад на исламистички Хамас врз Израел на 7 октомври ланската година, Ганц пристапи кон владата со цел да демонстрира решителна единственост на земјата.

Десно-религиозниот кабинет на Нетанјаху меѓутоа и без Ганц располага со мнозинство од 64 од вкупно 120 мандати во парламентот.  Затоа, при евентуално гласање, предлогот на Ганц не би можел да добие мнозинство.

Десно-конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху како реакција на новото барање за распуштање на парламентот напиша:  „Во зенитот на војната на Израел му е потребно единство, а не поделеност. Распадот на владината коалиција би бил награда за ал-Синвар (Јахја Синвар, шефот на Хамас, р.з.), капитулација пред  меѓународниот притисок  и смртен удар за напорите за ослободување на нашите заложници.“

Медиумите го оценуваат чекорот на партијата на Ганц како можна реакција на тукушто објавените анкети. Според нив, прв пат од почетокот на војната пред околу осум месеци, тесно мнозинство му дава предност на Нетанјаху во однос на Ганц на премиерската функција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми