1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пат низ Европа за 30 дена со бесплатна возна карта

ДТЗ
17 март 2023

Бесплатна пропусница треба да добијат 35.000 кандидати коишто ќе можат да ја искористат шансата за патување во нови дестинации во периодот од 15 јуни до 30 септември 2024 година.

воз Европа
Пат низ Европа за 30 дена со бесплатна возна картаФотографија: Helge Sunde/NTB/picture alliance

Младите од Северна Македонија имаат шанса да патуваат низ Европа во период од 30 дена преку програмата на Европската комисија – „Откријте ја ЕУ“. Тие, заедно со младите од регионот и земјите членки на ЕУ ќе може да аплицираат на повикот за бесплатен билет за воз за патување низ Европа, кој го објави Европската комисија. 

Пријавите за учество во иницијативата „Откријте ја ЕУ- Discover EU“ ќе траат до 29 март. Бесплатна пропусница според најавите треба да добијат 35.000 кандидати коишто ќе можат да ја искористат шансата за патување во нови дестинации во периодот од 15 јуни до 30 септември 2024 година. 

Кој може да аплицира? 

Можност за аплицирање имаат млади луѓе родени од 1 јули 2004 година до 30 јуни 2005 година, од земји-членки на ЕУ, но и земји вклучени во програмата Еразмус +, како Србија, Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција. Тие ќе можат да патуваат во Европа најмногу 30 дена.

„Овогодинешните учесници ќе можат да ја откријат новата рута на европскиот Баухаус, лансиран во јануари 2023 година, чија цел е да ги инспирира младите во изборот на нивните дестинации и да ја подигне свеста за важноста од заедничко создавање на „убава, одржлива Европа“, се наведува во соопштението на ЕК.

Заинтересираните треба да се пријават преку Европскиот портал за млади и да одговорат на неколку квиз прашања за ЕУ. Иницијативата беше лансирана пред пет години, и е вклучена во новата програма Еразмус за периодот 2021-2027 година.

Оттогаш 212.700 луѓе добиле бесплатни билети, а се пријавиле речиси 916.000 апликанти. Според најновото истражување по патувањето, 72 отсто од апликантите рекле дека тоа им е прв пат да патуваат со воз надвор од нивната земја. 

Патување за подобро запознавање на Европа

02:15

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми