1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европска солидарност против енергетската криза

ЖА | МИА
1 октомври 2022

Македонскиот претседател Стево Пендаровски при средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразил очекување за помош од ЕК во надминување на енергетската криза.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен
Македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на ЕК, Урсула фон дер ЛајенФотографија: president.mk

На средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен во Софија, доминирале две теми - актуелната енергетска криза и текот на скрининг процесот, како важна фаза во пристапните преговори за членство на земјата во Европската Унија. Претседателот Пендаровски, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата,  изразил очекување за помош од Европската Комисија во контекст на европската солидарност во справувањето со енергетската криза.

Во однос на пристапните преговори за членство, Пендаровски истакнал дека земјата е подготвена да ги направи потребните реформи во клучните области, како дел од процесот за пристапување кон ЕУ.

Пендаровски и Фон дер Лајен денеска во Софија присуствуваа на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), кој според македонскиот претседател, отвора сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми