1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИрак

Пентагон: Американски војници ранети во напад во Ирак

ЖА
6 август 2024

Неколку американски војници се повредени во ракетен напад врз база на меѓународната воена коалиција предводена од САД во Ирак.

Американски војници во Ирак (архивска фотографија)
Американски војници во Ирак (архивска фотографија)Фотографија: Delil Souleiman/AFP/Getty Images

Во повеќе наврати од почетокот на војната во Газа се случуваат напади врз американски воени бази  на Блискиот Исток. Вчера во напад на воена база во Ирак, според првичните сознанија на Пентагон, се повредени неколку американски војници

Ќе биде спроведена истрага за предизвиканата штета, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана во понеделникот (по локално време). Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис биле информирани за нападот.

Ирачки воени кругови претходно соопштија дека ракетите во понеделникот ја погодиле воздухопловната база Аин ал Асад во провинцијата Ал-Анбар и соседното село. Командант на проиранска милиција изјави за АФП дека станува збор за најмалку две испалени ракети.

Од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичката палестинска организација Хамас на 7 октомври, нападите врз  базите што ги користи американската армија во Ирак и Сирија  значително се зголемија.

Ракетниот напад во понеделникот се случи во време кога Иран и неговите сојузници се очекуваше да го нападнат Израел по убиствата на високи претставници на Хамас и либански Хезболах.

Во вторникот минатата недела,  САД истрелале проектили  врз  проирански ирачки борци  кои, според САД, се обидувале да лансираат дронови за напад што претставуваа закана за американските и антиџихадистичките коалициски сили во регионот. Според ирачките информации загинале четири лица.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми