Пентагон го објави видеото од уривањето на дронот
16 март 2023Видео во должина од 42 секунди го покажува моментот кога воени авиони на руската армија се доближуваат и го оштетуваат набљудувачкиот дрон на американската армија над Црното море.
Тоа е прв сериозен инцидент од тој тип од почетокот на руската агресија врз Украина.
На снимката се гледа како на дронот најпрво му се доближува првото руско летало од типот Сухој Су-27 и врз него истура гориво. По неколку секунди и вториот руски воен авион го презема истиот маневар и го оштетува пропелерот на дронот.
Видеото на Пентагон не ги покажува моментите пред и по конфронтацијата.
Русија тврди дека нејзините авиони не го оштетиле дронот и дека американското летало се урнало во морето откако направило остар маневар. Руски претставници најавија дека ќе се обидат да го извлечат дронот од морето, доколку тоа е во корист на нејзините безбедносни интереси.
Американски претставници велат дека во дронот нема да остане ништо од воена вредност, дури и доколку Русија успеа да го извлече.
Русија и членките на НАТО редовно влегуваат во пресретнувачки мисии со нивните воени авиони, но ова е прв инцидент во кој едно од леталата паѓа уште од периодот на Студената војна.
Дронот МКју-9 на американската армија, има распон на крилјата од 20 метри, и вклучува контролна станица и сателитска опрема. Оспособен е да носи и муницијата, но американските претставници одбиваат да кажат дали урнатиот дрон бил вооружен. Вредноста на дронот е околу 32 милиони долари, а се претпоставува дека е потонат на 1.200 до 1.500 метри длабочина во водите на Црното море.