1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Писториус: Членките на НАТО да сторат повеќе за безбедноста

Михаела Кифнер
2 август 2024

Во интервју за ДВ, германскиот министер за одбрана бара поголема посветеност на земјите од НАТО за нивната одбрана поради војната во Украина. Освен тоа, деескалација на Блискиот Исток е од суштинско значење во моментов.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на Хаваи
Ја нагласува меѓународната кохезија: германскиот министер за одбрана Борис Писториус на ХаваиФотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

Посебно кога станува збор за Блискиот Исток, германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, посочува дека по секоја цена треба да се спречи натамошна ескалација на конфликтот. „Таа мора да се спречи бидејќи никој не може да сака натамошна ескалација, ниту да замисли дека тоа ќе биде така“, изјави министерот за новинарите на ДВ. „Тоа не ни е потребно. Ние не го сакаме тоа. Мора да направиме сѐ за да го вратиме мирот во тој регион што е можно поскоро.“

Тој целосно се согласува со американскиот колега Лојд Остин дека од нападот на Хамас врз Израелна 7 октомври минатата година, ситуацијата во целиот регион од ден на ден станува сѐ поопасна и се проширува. Долго време не се работи само за Израел и за палестинските територии, туку и за Либан, Јемен, Сирија и за Иран. Посебно по израелската ликвидација на Исмаил Ханија од Хамас и Фуад Шукр од Хезболах, се чини дека целиот регион е на работ на војна која би надминала сѐ што сме виделе досега.

Принципите важат насекаде

Блискиот исток и Украина се пред очите на Европејците, но тие во никој случај не се единствените области каде што оружјето се слуша погласно. Тука е и Индопацифичкиот регион, каде што сѐ повеќе земји се чувствуваат загрозени од амбициите на Кина, а германскиот министер се наоѓа на Хаваи, каде што дојде на големата воена вежба РИМПАК 24. 

German defense minister: NATO must do more for own security

08:50

This browser does not support the video element.

Меѓу 29-те земји кои учествуваат во овие вежби е и Германија, а Писториус посочува колку е важно да се држиме до меѓународната соработка и да им се помогне на сојузниците, без разлика каде е заканата. Веќе овој понеделник, таканаречената Квад група - САД, Австралија, Индија и Јапонија - ја објавија својата „сериозна загриженост“ поради кинеските „присилни и заплашувачки маневри“ во Јужнокинеското Море и се стремат да ја зајакнат поморската безбедност во тој регион.

Иако географски тоа е далеку од Германија, безбедноста на бродскиот сообраќај е од клучно значење и за оваа земја, па германскиот министер изразува поддршка за земјите кои се чувствуваат загрозени од Пекинг - не се само Филипините каде има сѐ повеќе инциденти, туку и Јужна Кореја. Германија учествува и на овие вежби со два воени брода и Писториус смета дека тоа е „важна порака“ оти Германија внимателно го следи развојот во тој регион и дека цврсто стои на „меѓународниот поредок заснован на закони, пред сѐ кога станува збор за помалите држави“.

„Мораме да го сториме она што мораме“

И таа, исто како и сите други кризи, сведочи дека европските партнери и членките на НАТО „мора да направат повеќе за сопствената безбедност“. Тоа секако може да се види пред сѐ во војната во Украина на прагот на членките на одбранбената алијанса.

Посета на војници: Министерот за одбрана Борис Писториус на германската фрегата „Баден-Виртемберг“ за време на воената вежба во ИндопацификотФотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

Нема друг излез освен зголемување на трошоците за одбрана, исто како што е клучно да се поддржи Украина како брана пред амбициите на Москва. „Мораме да ја зајакнеме самоодбранбената способност на Украина, пред сè нејзината противвоздушна одбрана“, нагласува германскиот министер.

Но, тој не сакаше да шпекулира за исходот на американските избори и што тоа ќе значи за безбедноста на Европа и за Украина. „Кој и да биде во Белата куќа, ние мора да го направиме она што мораме, и мора да застанеме покрај нашите сојузници. И тоа е наша задача и во иднина.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми