Писториус: Подготвеност за обезбедување на примирје со Иран
26 март 2026
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус најави можен придонес на Германија за обезбедување на примирје во војната во Иран. „Оваа војна е катастрофа за економиите на светот. Последиците се јасни веќе сега, по само нешто повеќе од две недели“, предупреди тој на средба со својот австралиски колега Ричард Марлс во Канбера.
Потребно е дипломатско решение „што е можно побрзо“, вели Писториус. Тој ова барање го упати пред сè кон Иран, но и кон САД. „Ние претходно не бевме консултирани. Ова не е наша војна. И затоа, да биде сосема јасно, не сакаме да бидеме вовлечени во оваа војна“, изјави Писториус.
Набргу потоа тој генерално го критикуваше пристапот на САД во конфликтот: „Нема стратегија, нема јасна цел и, според мене најлошото, нема излезна стратегија.“
Нестабилноста во регионот на Блискиот Исток има последици врз целиот свет. „Затоа сме подготвени да обезбедиме секој мир“, рече Писториус во Австралија, додавајќи: „Ако дојдеме до примирје, ќе разговараме за секоја мисија за обезбедување на мирот, особено за да се гарантира слободниот поморски сообраќај во Ормускиот Теснец.“