1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЈужна Кореја

Пјонгјанг провоцира со дронови

СН/агенции
26 декември 2022

За првпат по повеќе години севернокорејски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на Јужна Кореја. Се вели дека еден од дроновите го надлетал и и Сеул.

Демилитаризираната зона на Корејскиот полуостров: Севернокорејски дронови денеска ја прелетале и навлегле во јужнокорејска територија
Демилитаризираната зона на Корејскиот полуостров: Севернокорејски дронови денеска ја прелетале и навлегле во јужнокорејска територијаФотографија: Lee Jin-man/AP Photo/picture alliance

Јужна Кореја денеска активираше борбени авиони и хеликоптери, и испука предупредувачки истрели откако севернокорејски беспилотни летала го нарушија нејзиниот воздушен простор, соопшти војската на Јужна Кореја.

Јужнокорејската војска соопшти дека државата ги следела дроновите кои поминувале од Северна Кореја преку воената линија на разграничување меѓу двете земји откако ги открила над западниот град Гимпо околку 10 часот и 25 минути по локално време. Едно од беспилотните летала очигледно прелетало и над јужнокорејската престолнина Сеул, јави јужнокорејската новинска агенција NEWS1.

Според претставник на јужнокорејското министерство за одбрана лесен борбен авион од типот КА-1, кој полетал за да ги пресретне дроновите се урнал набрзо откако ја напуштил својата база Вонју на истокот на државата.

Двајцата пилоти успеале да се катапултираат пред несреќата и сега се во болница.

Севернокорејски дрон паднат на територијата на Јужна Кореја изложен во министерството за одбрана во Сеул во јуни 2017 годинаФотографија: Yonhap/picture alliance

Министерството за сообраќај на Јужна Кореја претходно соопшти оти летовите на аеродромите Инчеон и Гимпо се прекинати на барање на војската.

Прекинот започна во 13 часот и 8 минути, по локално време, во Гимпо, во Инчерон во 13 часот и 22 минути, а траел речиси еден час пред да продолжат летовите околу 14 часот, соопшти претставник на министерството.

Ова е првпат во последните пет години севернокорејски беспилотни летала да навлезат во воздушниот простор на Јужна Кореја. Меѓународно изолираната земја веќе тестираше бројни оружја оваа година. Според Сеул, Пјонгјанг истрелал две ракети во минатиот петок.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми