1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плетки кои ја греат и душата

01:26

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
28 декември 2023

Плетени работи кои го греат не само телото, туку и душата - жени од неформалната група „Плетени коцки“ плетат капи, шалови и ракавици, кои потоа во соработка со здружението „Вистински дела на љубезност“ им се делат на социјално загрозени лица. Целта на акцијата е преку малите плетени дела да се подари топлина во време на празници.

Желбата да усреќат некого за празниците, ги собира овие жени на плетење и кафе-муабет.  

Илинка Русевска плете 5 години за хуманитарни цели и вели: 

„Го правам стварно од чиста љубов... Сега плетеме за бездомници, шалчиња, капчиња и ракавици. И многу се радувам за тоа дека ќе израдуваме уште некоја душичка.”  

Оваа акција е инцијатива на Фејсбук-групата „Плетени коцки“ и вклучува жени кои доброволно плетат различни работи за хуманитарни цели.  

Илинка Русевска (д.) плете пет години за хуманитарни целиФотографија: Arbnora Memeti/DW

Александра Стефановска, основачка на неформалната група „Плетени коцки“, објаснува: 

„Сакаме да подариме малку љубов за нашите сограѓани... Сето ова е рачно изработено и се надевам дека ќе усреќиме и ќе згрееме некого. Не само физички, туку и на душите ќе им биде убаво.“  

Групата „Плетени коцки“ работи вредно за да ги згрее лицата на кои тоа им е потребноФотографија: Arbnora Memeti/DW

Неколку дена подоцна, целта е постигната - плетените работи им се делат на оние на кои им се наменети. Бранко Петревски, кој има неподвижна жена, покрај другото, дошол да земе и плетен шал за неа: „Собата баш не ми е топла, ќе си го врзе ова на чело, а ракавиците претежно ги земав за мене.”  

Плетените работи го греат не само телото, туку и душата, велат членките на „Плетени коцки“Фотографија: Arbnora Memeti/DW

„Плетени коцки“ зад себе има разни успешни акции за социјално загрозени лица. Во земјата нема актуелни официјални бројки за сиромаштија. Според последните податоци од Државниот завод за статистика од 2020 година, сиромашни биле 21,8% од населението.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми