1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: Шефицата на Тајната служба отфрла оставка

ЖА
16 јули 2024

По обидот за атентат врз екс-претседателот на САД, Доналд Трамп, американската Тајна служба е мета на жестоки критики. Но, шефицата Кимберли Читл одби да поднесе оставка

Тајната служба се наоѓа под жестоки критики поради атентатот врз Трамп
Тајната служба се наоѓа под жестоки критики поради атентатот врз ТрампФотографија: Brendan McDermid/REUTERS

Директорката на американската Тајна служба, Кимберли Читл, ги призна грешките при  пукањето за време на митингот на Доналд Трамп,  но ја отфрли можноста да поднесе оставка. „Јас сум директорка на Тајната служба и моја работа е да се погрижам да спроведеме истрага и да им ги обезбедиме потребните ресурси на нашите вработени", изјави Читл. Шефицата на Тајната служба го опиша обидот за атентат како „неприфатлив".

Тајната служба се наоѓа под жестоки критики поради атентатот врз Трамп. Службата започна сеопфатна истрага за нападот со цел да се разјаснат точните околности и да се идентификуваат  можните безбедносни пропусти.  Експертите пред сè го поставуваат прашањето како извршителот, вооружен со полуавтоматска пушка АР-15, успеал незабележан да се качи на фабрички покрив во Батлер, во државата, Пенсилванија, од каде пукал во Трамп за време на неговиот настап во  предизборната кампања  во саботата, при што Трамп се здоби со полесни повреди на увото.

Зградата на која се наоѓал напаѓачот била надвор од безбедносната зона што Тајната служба ја поставила за  предизборниот митинг на Трамп.  Притоа, зградата е оддалечена само 150 метри од местото каде што бил подигнат подиумот за Трамп и оттаму постоело чисто видно поле во правец на екс-претседателот. Извештаите од очевидци, исто така, ја ставија Тајната служба под притисок. Неколку сведоци изјавија дека го виделе вооружениот маж на покривот и ги алармирале безбедносните сили, но, тие не реагирале.

Доналд Трамп преживеа обид за атентат

00:55

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми