1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По две години пауза - отворен е Октоберфест

дпа | ЕМФ
17 септември 2022

По две години принудна пауза поради пандемијата на коронавирус, во Минхен е отворен најголемиот светски народен панаѓур Октоберфест.

Октоберфест е најголем светски народен панаѓур
Октоберфест е најголем светски народен панаѓурФотографија: Steffi Adam/Geisler-Fotopress/picture alliance

Минхенски Октоберфест е отворен напладне, со три удари во првото буре со пиво од страна на градоначалникот Дитер Рајтер. Најголемиот светски народен панаѓур, кој не се одржуваше две годинипоради пандемијата на коронавирус, сега се одвива без какви било мерки на претпазливост. Не се задолжителни ниту заштитни маски.

187-от Октоберфест ќе трае до 3. октомври, а за безбедноста се грижат околу 600 полицајци.

Од 2019 година цената на кригла пиво е зголемена од 12,60 евра на 13,80 евраФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Пред пандемијата, на Октоберфест во просек доаѓа по околу 6 милиони посетители. Колкав број посетители ќе има годинава, со оглед на пандемијата и загриженоста на граѓаните поради високата инфлација, е прашање кое им создава најголеми грижи на организаторите. Од 2019 година цената на кригла пиво е зголемена од 12,60 евра на 13,80 евра.

Октоберфест - назад во времето

00:40

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми