1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЛибан

Конфликт со Хезболах: Жестоки израелски напади во Либан

СН/агенции
20 септември 2024

Израелската војска соопшти дека нападнала лансирни рампи и „терористичка инфраструктура“. Либанските безбедносни кругови зборуваат за еден од најтешките бранови напади од 7-ми октомври минатата година.

Чад се крева над местото Кијам во јужен Лубан по експлозијата на израелски проектил во текот на вчерашниот ден, 19 септември, 2024
Чад се крева над местото Кијам во јужен Лубан по експлозијата на израелски проектил во текот на вчерашниот ден, 19 септември, 2024Фотографија: AFP/Getty Images

Израелски воени авиони вчера (19 септември, 2024) во текот на денот па се до доцна во ноќта гаѓаа цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи неколку стотици ракетни фрлачи кои носеа околу 1.000 лансерни цевки, соопшти армијата.

Израел го гаѓаше јужен Либан со десетици проектили, соопштија три либански безбедносни извори. Досега нема извештаи за жртви.

„Израелската армија (ИДФ) ќе продолжи да дејствува за да ја деградира инфраструктурата и капацитетите на терористичката организација Хезболах со цел да ја одбрани државата Израел“, се вели во соопштението на ИДФ.

Израелски борбен авион полетува во ноќно бомбардирање на цели во ЛибанФотографија: Israel Defense Forces/REUTERS

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан изјави дека Израел ќе продолжи со воената акција против Хезболах.

Воздушните напади на Израел уследија по нападите во вторникот и средата оваа недела, припишана на Израел од страна на Либан и на Хезболах, при кои експлодираа пејџери и воки-токи, кои ги користеа борците на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3.000 во Либан.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, ги нарече нападите „терористички чин“ на Израел и објавување војна против народот на Либан и суверенитетот на земјата. Насралах истакна дека Израел „ги преминал сите граници и црвени линии“ со извршување на овие координирани напади.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах (архивска фотографија)Фотографија: ANWAR AMRO/AFP

„Нападите без преседан беа голем безбедносен удар. Израел имаше намера да убие 4.000 илјади Либанци за неколку минути. Наредниот ден, уште 1.000 за една минута. За две минути Израел имаше намера да убие 5.000 луѓе“, рече тој во обраќањето до нацијата.

Хезболах, во знак на поддршка на Хамас по почетокот на конфликтот во Појасот Газа на 7 октомври минатата година, почна да истрелува ракети кон северен Израел.

Израел и Хезболах оттогаш секојдневно разменуваат оган.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми